Конче е првиот успешно спроведен проект за консолидација на земјоделско земјиште во државата

На денешната средба во Општина Конче, Собранието на учесници во консолидацијата на земјоделското земјиште од истоимената општина, едногласно го изгласа предлог планот за распределба на земјоделско земјиште, како завршна фаза во постапката за консолидација во катастарската општина (КО) Конче

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ: Од денеска стапуваат на сила измените и дополнувањата на Законот за земјоделското земјиште

Почнувајќи од денеска во следните 15 дена сите оние кои треба да го воведат во владение ова земјиште, имаат можност до Подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во регионите каде што се наоѓа земјиштето, да поднесат барање за воведување во владение.

Share
Прочитај повеќе

Собранието го усвои Законот за земјоделско земјиште

Собранието го усвои Законот за земјоделско земјиште со кое се обезбедува фер, транспарентна и правилна распределба на државното земјоделско земјиште.

Share
Прочитај повеќе

Димковски: Заедно со тимот ќе се фокусираме на успешно реализирање на започнатите проекти

-Нормално дека има разлика од позицијата соработник и прв човек на министерството, но има и предност а тоа е дека сум запознат со целокупната состојбата во секторот, со институцијата, со секоја мерка, политика и проект, што е олеснителна околност во насока на успешно продолжување на сето она што го започна претходниот министер, Љупчо Николовски, истакна Димковски во ексклузивно интервју за печатеното списание „Современо Земјоделство.

Share
Прочитај повеќе

Зголемен интерес за земјоделско осигурување во Полошкиот регион

-Трибината во Општина Тетово е одличне начин на заедничка средбат помеѓу земјоделците од полошкиот регион и осигурителните компании. И понатаму ќе продолжиме да ги поддржуваме ваквите средби, бидејќи сме убедени дека само со директна комуникација, едукација и објаснувања земјоделците ќе можат да ги искористат средствата кои ги нудат осигурителните компании, но и фондовите кои владата ги има предвидено за развој на земјоделието, рече Селами.

Share
Прочитај повеќе

Објавен тендер за консултантски услуги за консолидација на земјиште

Како што информира ФАО, врз основа на резултатите од физибилити студиите неодамна спроведени во овие четири консолидациски подрачја, тендерираните услуги што ќе треба да се спороведат во рамки на оваа нова проектна фаза вклучуваат: проценка на вредноста на земјиштето, технички дизајн на земјоделската инфраструктура во согласност со Законот за консолидација на земјоделско земјиште и друга релевантна легислатива, подготовка на планови за распределба преку процес на партиципативно преговарање со сопствениците и корисниците на земјиште, изработка на геодетски истражувања, обележување на границите на новите земјишни парцели во проектното консолидационо подрачје.

Share
Прочитај повеќе

Штетите во земјоделството од временските неприлики ги алармираат земјоделците

-Јас досега сум немал проблеми со ниедна осигурителна компанија, но сега гледам дека не сум ги знаел сите начини и модели на осигурување кои се нудат. Трибината, која е дел од кампањата „Не гледај во небото, осигури се“, ми беше од големо значење, затоа што на едно место, пет осигурителни компании ни ги претставија моделите и начинте на исплата. Добро е да има почесто вакви едукативни трибини, изјави Димо Станоев од Кавадарци.

Share
Прочитај повеќе

Од Битола започнува едукативната кампања за зголемување на земјоделското осигурување „Не гледај во небото, осигури се!

На трибините, покрај земјоделци, стопанственици, претставници на осигурителните компании, учество ќе земе МЗШВ, АПРЗ, АФПЗРР и Посебниот советник за земјоделство, шумарство и водостопанство во КПВРСМ, Ленче Николовска.

Share
Прочитај повеќе

Повик за изразување на интерес за учество во консолидација на земјоделско земјиште

Право на учество имаат групи на сопственици на земјоделско земјиште чиешто земјиште се наоѓа на иста територија (во едно или повеќе села, или во дел од село/микро-локација, кои претставуваат делови од една или неколку соседни катастарски општини).
Рокот за доставување на изјавите за интерес е 1 јули 2019 година до 16:00 часот

Share
Прочитај повеќе

Во тек е подготовка на нови огласи за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп

На огласите е планирано да се објави  вкупна површина од  над  15.000 хектари во повеќе региони и тоа: Битола, Валандово, Виница, Велес, Делчево, Демир Хисар, Гевгелија, Крива Паланка, Кичево, Куманово, Кавадарци, Кочани, Крушево, Неготино, Свети Николе, Радовиш, Ресен, Тетово, Струга, Охрид, Прилеп, Штип и други региони.

Share
Прочитај повеќе