Николовски од Белград: Иницијативата „Отворен Балкан“ економски го унапредува целиот регион, за само 24 часа македонските производи се на српскиот пазар

Придобивките од иницијативата „Отворен Балкан“  се видливи, тоа што е потпишано веќе се спроведува, нема заджување на камионите на граница, се крати времето на чекање, се кратат административните и царинските процедури, за само 24 часа македонските производи,  се на српскиот пазар, изјави утрово министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, кој заедно со министрите за земјоделство на Србија, Албанија и Република Српска, го посетија царинскиот терминал „Делизе“ во Белград, Република Србија.

Share
Прочитај повеќе