Во април спроведени 15.365 инспекциски контроли

Официјалните ветеринари на граничните премини, во април годинава извршиле контрола на 5.342 пратки од увоз со 60.493.516 килограми храна од животинско потекло и живи животни. Вратена пратка од увоз како небезбедна во овој временски период е само една, и тоа путер, по потекло од Украина, заради потекло од објект кој не е на листата на одобрени. Уништени пратки нема. 

Share
Прочитај повеќе

Презентирани искуствата на АХВ во спроведување на инспекциските контроли на граничните премини

На покана на Светската Банкарска Групација и Австриското министерството за финансии, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство ДВМ Зоран Атанасов во Виена Австрија, зеде активно учество на Регионалниот настан за мерење на достигнувањата на агенциите кои се наоѓаaт на граничните премини. Тој се обрати како говорник на панелот “Управување со ризик на граничните премини” на кој ги презентираше искуствата на нашата земја со вршењето на инспекциски контроли на граничните премини врз основа на проценка на ризик.

Share
Прочитај повеќе

Во првите три месеци од годинава, АХВ направи 16.578 инспекциски контроли

Официјалните ветеринари на граничните премини, во првите три месеци од годинава извршиле контрола на 3.980 пратки од увоз со 45.145.312 килограми храна од животинско потекло. Вратени и уништени небезбедни пратки од увоз во овој временски период нема.

Share
Прочитај повеќе

АХВ ги засили инспекциските контроли пред Велигден

Во пресрет на велигденските празници и зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вршат засилени контроли кај операторите со храна во производството, преработката, дистрибуцијата и продажбата на храна. Со контролите се опфатени маркетите, угостителските објекти, специјализираните продавници за јајца, како и месарниците и зелените пазари. Ќе се проверува дали и колку операторите со храна ги исполнуваат општите и посебните услови за безбедност на храната кои се однесуваат на нејзино чување, одржување на ладниот ланец во транспортот и прометот, како и тоа дали означувањето на храната е во согласност со одредбите од Законот за безбедност на храната и Правилникот за информации поврзани со храната.

Share
Прочитај повеќе