Владата одобри 900 милиони денари за заостанати субвенции од 2019 година

На денешната седница на Владата на МКД се одобрија 900 милиони денари, дополнителни финансиски средства за Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година.

Share
Прочитај повеќе

За повратот од викендот без ДДВ, исплатата ќе се изврши утре и задутре

Во Викендот без ДДВ остварен е промет од 558.176.715 денари со што граѓаните ќе остварат враќање на  ДДВ во износ од  66.853.929  денари. Во Викеднот без ДДВ беа скенирани трипати повеќе  фискални сметки и беше остварен  9,5 пати поголем промет од македонски прозиводи во однос на истиот викенд од минатата година.

Share
Прочитај повеќе

Хоџа: Со ребалансот на буџетот ќе се исплатат сите мерки од 2019 година

Министерот Хоџа информираше дека со новиот ребаланс на буџетот на Република Северна Македонија, кој е усвоен од Владата, предвидени се финансиски средства за исплата на сите мерки од 2019 година вклучително и мерката за предадено млеко во преработувачки капацитети.

Share
Прочитај повеќе

Димковски: Следува исплата на мерките од 400 денари за предадено јагне во регистрирани кланични капацитети како и за дополнителната мерка од 700 денари за оставено женско јагне

Денеска околу 110 милиони денари се префрлени за сервисирање на заостанати обврски и прво што ќе се исплати ќе биде дополнителната субвенција од 400 денари за предадено јагне во регистрирани кланични капацитети  како и за дополнителната мерка од 700 денари за оставено женско јагне во сточниот фонд“, додаде Димковски.

Share
Прочитај повеќе

Бабовски објасни како тутунопроизводители ќе ги подигнуваат парите од сметките

Исплатени се близу 30 милиони евра на 19 050 тутунопроизводители, а подигнувањето на парите ќе се одвива според одредена динамика.
Сите корисници на финансиска поддршка за тутунот кои немаат платежни картички а презимињата им почнуваат со буквите : А, Б, В, Г и Д, средствата од шалтер во банката ќе може да ги подигнат во вторник 21-ви април.

Share
Прочитај повеќе

Исплатена државната помош за невремето од 2018 и 2019 година за земјоделците од прилепско

Земјоделците од селата Мало, Големо Коњари, населбата Варош, како и од Канатларци и Тополчани од понеделник, 13 ти април, на своите сметки ќе можат да ја подигнат финансиската помош од Буџетот на државата, како надомест за штетата од елементарна непогода која ги уништи земјоделските насади од тутун, житни и градинарски култури.

Share
Прочитај повеќе

Исплатени субвенциите за одгледани женски маторици и за заклани гоеници во регистрирани кланични капацитети

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, на сметките на 929 лица исплати 11.471.600,00 денари за женски приплодни маторици, додека на 121 лице исплати 156.568.000,00 денари за одгледани и заклани гоеници во регистрирани кланични капацитети.

Share
Прочитај повеќе

Исплатени субвенциите за сите земјоделци кои имаат обработлива површина до 1 хектар

Денеска, на сметките на  1.447 лица се исплатија 11,3 милиони денари за сите земјоделци кои имаат мали земјоделски стопанства. Станува збор за исплата по мерката „Директни плаќања за обработлива земјоделска површина со големина од 0,2 до 1 хектар.

Share
Прочитај повеќе

Денеска се исплатија 354 милиони денари субвенции за 12.500 одгледувачи на говеда

Денеска се исплатија 354 милиони денари субвенции за 12.500 одгледувачи на говеда.Станува збор за исплата по мерката „2.1 Директни плаќања за обележани грла говеда“.

Share
Прочитај повеќе

Исплатена помошта за лозарите кои имаа предадено а неисплатено грозје од винарниците

Корисници на оваа финансиска подршка се сите лозари кои произведеното грозје го предале во период од 15- ти август 2014 година до 15- ти ноември 2016 година и за кои винарниците не им исплатија средствата.

Share
Прочитај повеќе