СН Осигурителен Брокер и СН финансии, меѓу лозарите во Кавадарци

СН Осигурителен брокер и СН финансии секогаш се таму каде што се земјоделците!

Share
Прочитај повеќе

Спасовски, Царовска и Димковски во тиквешкиот регион на закројување на лозите

Спасовски и Димковски ќе присуствуваат на традиционалното закројување на лозовите насади на локацијата „Лепово”. Премиерот и владина делегација ќе присуствуваат и на приемот, кој по повод празникот на лозарите и виното го организира градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев, како и на симболичното закројување на винови насади кое по овој повод ќе се одржи на градскиот плоштад во Кавадарци.

Share
Прочитај повеќе

Земјоделците можат бесплатно да користат технолошка вода

Кавадарци активира два бунара со што земјоделците можат бесплатно да користат технолошка вода во земјоделството, за прскање и миење трактори. Капацитетот е околу десет литри вода во секунда.

Share
Прочитај повеќе

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу МЗШВ и средното земјоделско-шумарско училиште „Ѓорче Петров“ од Кавадарци

Министерот Николовски изјави дека со потпишувањето на Меморандумот се потврдува заедничката заложба за унапредување на соработката во областа на заштита на шумите, преку подготовка и стручна обука на сегашните и идните припадници на шумската полиција, што важно за ефикасно спроведување на мерките во делот на заштита на шумите. 

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Воведуваме мерки за поддршка во земјоделството, со кои ги задржуваме младите во земјава

-Верувам дека како што покажавме оваа година и ги убедивме сите дека може во делот на оваа искористеност на фондови од последни да станеме први, од последен сектор да станеме прв за кој се зборува, верувам дека со сите мерки, со сите политики, со сите храбри одлуки кои ги носиме во овој сектор, навистина земјоделството и аграрот за младите луѓе ќе бидат тренд, задоволство и се повеќе ќе ги мотивираме да се вклучат, да работат. А ние сме тука да ги обезбедиме сите мерки, да носиме нови политики, да ги враќаме парите назад кон граѓаните, да отвараме нови фондови, нови перспективи, да се грижиме за пласманот на земјоделските производи, а верувам и за многу инвестиции што во овој сектор во следниот период ќе следат, нагласи Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Петнаесет лица од Кавадарци и Росоман аплицирале за поддршка како млади земјоделци

-Се работи за по две апликации што се однесуваат на лозаровинарство и сточарството, како и 11 барања за поддршка во пчеларството, појасни Николов.

Share
Прочитај повеќе

Во Кавадарци започна откупот на винско грозје

Главниот енолог во визбата Марко Стојаковиќ информираше дека цените на грозјето, од сортите, шардоне, рајнски ризлинг, италијански ризлинг и совињон бел се 19 денари за општа берба, а 22 денари ќе се плаќа за килограм грозје пакувано во гајба, исплатата ќе биде во рок од три дена. Темјаниката и траминец ќе се откупуваат за 25 денари, додека за во гајби цената изнесува 28 денари.

Share
Прочитај повеќе

Наместо да се горат милиони, да се користи отпадот од лозјата

Во Росоман е купена локација за капацитет за преработка на остаток од лозови прачки во пелети за огрев. Целта е паметно да се искористи отпадот од лозјата и насадите со праски и други овошки, но и да се избегнат и загадувањето на околината, кое се прави со традиционалното палење на отпадот, како и пожарите кои притоа настануваат.

Share
Прочитај повеќе

Поетски настан „Falling in wine with you“ во Кавадарци

Во своето обраќање кон присутните, поетесата Вероника Костадинова рече дека празникот Свети Трифун е многу значаен за луѓето од Тиквешијата, затоа што се смета за заштитник на лозарите и винарите.

Share
Прочитај повеќе

Трибина на лозарите во Кавадарци

Цената на килограм грозје да се утврди согласно трошоците за производство и просечната нето плата во земјава. За секој килограм грозје визбите да дадат банкова гаранција или државата да даде гаранции.

Share
Прочитај повеќе