Со нов проект на ФАО ќе се зајакнува отпорноста на земјоделството кон климатските промени

Зголемување на отпорноста на земјоделството, како клучен сектор во македонската економија и важен работодавач во руралните средини, е еден од основните национални приоритети и клучна област на соработка помеѓу ФАО и Владата на Република Северна Македонија.

Share
Прочитај повеќе

И покрај доцнењето есенската сеидба е при крај

Оваа година со задоцнување и во многу тешки услови заради големиот сушен период започна есенската сеидба во Пелагонискиот регион. Но, последните дождови поволно делуваа на почвата со што сеидбата веќе е при крај

Share
Прочитај повеќе

Министерот Димковски оствари средба со шефот на канцеларијата на УНДП, Нарин Шахакјан

-Во период кога климатските промени се повеќе негативно влијаат врз земјоделското производство, инвестициите имаат важна улога за рентабилно производство. Во изминатите години токму овие инвестиции беа тотално запоставени. На овој работен состанок со шефот на канцеларијата на УНДП во земјава Нарин Шахакјан, разговаравме за мерките кои како ресорно министерство ги преземаме. МЗШВ вложува многу финансиски и човечки капацитети за реализација на водостопански проекти, што е долгорочна стратегија за оддржување на земјоделските посеви во добра кондиција, истакна министерот Димковски.

Share
Прочитај повеќе

Димковски: Интензивно работиме на мерки за спасување од климатските промени и негативните последици врз земјоделството

„Даваме големо значење на темата климатски промени, бидејќи прво на удар е земјоделството. Наскоро  ќе се објави и меѓународниот тендер за  избор на компанија за услуги за авионско засејување на облаците за превенција од природни непогоди, на што последнава година интензивно се работи. Воедно преку ИПАРД 2  програмата се финансира поставување на  заштитни мрежи и други технологии за прилагодување на земјоделството кон климатските промени“, изјави министерот Димковски.

Share
Прочитај повеќе

Климатските промени ќе имаат најголемо влијание врз земјоделието

Телото на Обединетите нации, фокусирано на климатските промени, треба да објави нов извештај за поврзаноста помеѓу климатските промени и земјиштето, вклучувајќи го и тоа како затоплувањето влијае врз земјоделството и безбедноста на храната во целиот свет.

Share
Прочитај повеќе

Земјоделците веќе не гледаат во небо, туку си ги осигуруваат посевите

Земјоделците чекаат на директна помош од државата за надоместување на штетите од поплавите и други временски непогоди, а тоа во бројки изнесува околу 5 милиони евра трошок за сите оштетени, што е прилично голем износ, кој може да се пренасочи за други потреби во земјоделството. Најдобро е земјоделците да ги осигурат своите површини, односно посевите со кои тие се засеани, со што многу полесно ќе ја надоместат штетата и побрзо ќе можат да го обноват производството, вели Билјана Петровиќ од здружението „Современо земјоделство“.

Share
Прочитај повеќе

Климатските промени не им одат во прилог на македонските цреши

Нестабилното време и пониските температури кои ја погодија нашата држава не одат во корист на македонската цреша. Дел од сортите на ова овошје беа погодени и од подоцните пролетни мразеви со што дел од родот е и уништен. Производителите на цреши велат дека сонцето е како храна за црешите, во моментов за нив тоа е најпотребно, но за жал во последните неколку денови го немаше.

Share
Прочитај повеќе

Со модерно решение за градобијна заштита ќе се заштитува земјоделското производство

Поради сѐ позачестените негативни последици од климатските промени и појава на град, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, интензивно работи на мерки со кои што ќе се заштити земјоделското производство од штети од временските непогоди, конкретно од град, соопшти Министерството.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Со УХМР активно работиме на подобрување на метеоролошкиот систем во државата

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски вчера учествуваше на информативните денови на Европската организација за експлоатација на метеоролошките сателити „ЕУМЕТСАТ“, за земјите од западен Балкан. На конференцијата беа презентирани можностите за користење на сателитските метеоролошки податоци од страна на националните метеоролошки служби.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Со проект на УНДП, ќе се обноват метеоролошките и хидролошките станици во полошкиот регион

Проектот „Подобрување на отпорноста од поплави во полошкиот регион“ ќе овозможи навремено и точно информирање на граѓаните со важни информации кои се особено важни за земјоделците со цел да превземат или со време да реагираат за да ги ублажат загубите врз производството во полошкиот регион.

Share
Прочитај повеќе