Консолидацијата на земјиште го поттикнува развојот на малите земјоделски стопанства и нивниот придонес во сигурноста на храната

Парцелите сега имаат правилна форма и овозможуваат подобри земјоделски практики. Планот, исто така, вклучува и обнова на заедницата како што се инвестиции во пристапни патишта до нивите и во системи за одводнување и наводнување, финансирани од Европската унија. Љупчо и неговата сопруга Кети, која има еднаков удел во семејното земјоделско стопанство и бизнис, очекуваат да видат придобивки од консолидацијата на земјиштето во годините што следат.

Share
Прочитај повеќе

Фотогалерија: Успешно реализиран првиот пилот проект за консолидација на земјоделско земјиште во битолско Егри

Проектот за консолидација во битолското село Егри, во кој учествуваат 214 сопственици на земјиште, е првиот комплексен консолидационен проект во државата, но и во поширокиот регион.

Share
Прочитај повеќе

Земјоделците од Егри го усвоија планот за консолидација на земјоделско земјиште, за прв пат 336 хектари земјоделско земјиште се окрупнуваат

Конкретно, во Егри, со консолидацијата, бројот на уситнети парцели се намали за околу три и половина пати. Поточно, почетните 874 парцели се намалува на 260 окрупнети парцели, а просечната големина на парцелите од 0,38 ха пред консолидацијата, се зголеми на околу 1,3 ха по консолидацијата. Или претходно просечниот број на парцели по сопственик бил повеќе од четири парцели. Сега со консолидацијата просекот е околу една до две парцели на сопственик.

Share
Прочитај повеќе

Повик за учество на Tендер за извршување на Консултантски услуги за консолидација на земјиште во Република Северна Македонија, Фаза I – Физибилити студии за Лешани, Кожле и Дабјани

Во рамки на проектот финансиран од Европската унија “Воведување на Национална програма за консолидација на земјиште” (МАИНЛАНД), спроведуван од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, објавен е јавен тендер (Референтен број: 2019/CSAPC/REUDD/104003) за извршување на “Консултантски услуги за консолидација на земјиште во Република Северна Македонија Фаза I – Физибилити студии за Лешани, Кожле и Дабјани”. 

Share
Прочитај повеќе

Повик за учество на Tендер за извршување на Консултантски услуги за консолидација на земјиште во Северна Македонија, Фаза. II – Планирање на распределба на земјиште во Трн

Врз основа на резултатите од физибилити студијата неодамна спроведена во консолидационото подрачје Трн, консултантските услуги што ќе треба да се спроведат во рамки на објавениот тендер вклучуваат:

Share
Прочитај повеќе

Конче е првиот успешно спроведен проект за консолидација на земјоделско земјиште во државата

На денешната средба во Општина Конче, Собранието на учесници во консолидацијата на земјоделското земјиште од истоимената општина, едногласно го изгласа предлог планот за распределба на земјоделско земјиште, како завршна фаза во постапката за консолидација во катастарската општина (КО) Конче

Share
Прочитај повеќе

Објавен тендер за консултантски услуги за консолидација на земјиште

Како што информира ФАО, врз основа на резултатите од физибилити студиите неодамна спроведени во овие четири консолидациски подрачја, тендерираните услуги што ќе треба да се спороведат во рамки на оваа нова проектна фаза вклучуваат: проценка на вредноста на земјиштето, технички дизајн на земјоделската инфраструктура во согласност со Законот за консолидација на земјоделско земјиште и друга релевантна легислатива, подготовка на планови за распределба преку процес на партиципативно преговарање со сопствениците и корисниците на земјиште, изработка на геодетски истражувања, обележување на границите на новите земјишни парцели во проектното консолидационо подрачје.

Share
Прочитај повеќе

Повик за изразување на интерес за учество во консолидација на земјоделско земјиште

Право на учество имаат групи на сопственици на земјоделско земјиште чиешто земјиште се наоѓа на иста територија (во едно или повеќе села, или во дел од село/микро-локација, кои претставуваат делови од една или неколку соседни катастарски општини).
Рокот за доставување на изјавите за интерес е 1 јули 2019 година до 16:00 часот

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Започнуваме кампања за избор на нови 12 локации за консолидација на земјоделското земјиште

-Нашето лично присуство навистина сакаме да даде придонес за подигнување на свеста, ако сакаме да зборуваме за модерно и конкурентно земјоделство, окрупнувањето, консолидацијата се неопходни постапки. Оваа година треба да направиме избор на 12 нови подрачја кадешто е потребно и е можно да се реализираат постапките за консолидација на земјиштето, посочи министерот Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Регионална работилница во Куманово, за подигнување на јавната свест за консолидација на земјоделско земјиште

Денеска, 7 март  2019  година, во Куманово, проектот финансиран од Европската Унија “Воведување на национална програма за консолидација на земјиште” (МАИНЛАНД) кој го спроведува ФАО во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ),  организира регионална работилница за подигнување на јавната свест за консолидација на земјоделско земјиште. Работилницата ќе се одржи во Занатски Дом во Куманово, со почеток во 12:30 часот.

Share
Прочитај повеќе