АХВ ги демантира наводите во соопштението на „Коалиција против ГМО“

АХВ е надлежна за уредување на легислативата и контролата на ГМО храната и ГМО храната за животни, но, не и за одобрување и пуштање во промет на ГМО семињата, ниту за култивацијата и одгледувањето на култури кои се генетски модифицирани. АХВ не е надлежна институција ниту за контрола на влијанието на овие генетски модифицирани култури врз животната средина и врз диверзитетот во природата.

Share
Прочитај повеќе

Запленети 68 мрежи во акција против рибокрадци на Охридското езеро

Запленети се вкупно 346 парчиња охридска белвица со вкупна тежина од 36.5 кг. Одземени се 68 рибарски мрежи со димензии на окца од 26×26 мм со вкупна должина од 3400 м и 6 мрежи за лов на јагула со димензии на окца 32×32 или вкупно 300 м.

Share
Прочитај повеќе

Државниот инспекторат за земјоделството одзеде вкупно 73 рибарски мрежи и 370 парчиња белвица

На ден 14.08.2018 година од страна на овластени лица од ДИЗ извршена е вонредна контрола на потегот над с.Калишта и с.Радожда. При тоа во водите на Охридското Езеро кај с.Калишта во различити правци од риболовната вода биле затекнати 13 физички лица распоредени во 7 кајчиња, кои што се движеле и поседувале недозволен риболовен алат (висечи, летечи-лебдечки) мрежи.

Share
Прочитај повеќе

АХВ спроведува вонредни контроли во туристичките центри

За констатираните недоследности издадени се 23 решенија за нивно отстранување, издадени се вкупно 36 покани за едукација, а изречена е и една парична казна. Како небезбедни уништени се 25 килограми храна (10 килограми мелено месо и 15 килограми пилешки стек). 

Share
Прочитај повеќе

АХВ: Ќебапи и плескавици со пилешко се продавале како свински и говедски

– Кај пет оператори со храна утврдивме дека не ја декларираат употребата на живинско месо, а го ставаат во ќебапи или плескавици. Сега тоа го стопиравме. Направивме контроли директно во продажба кога првпат го утврдивме ваквиот пропуст. Земавме мостри од месото во маркетите, а резултатите што ги добивме од ДНК анализата за потеклото, од кој вид животно е, беа позитивни. Се потврди дека во тие производи е употребено живинско месо – рече Атанасов.

Share
Прочитај повеќе

АХВ со комплетна евиденција врз маркиците на брашното

Евиденцијата на маркиците што се издаваат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за евидентирање на брашното пред пуштање во промет продолжува со целосна контрола од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, како на увозното, така и на домашното брашно.

Share
Прочитај повеќе

“Клас” бара контрола на увезеното брашно и пченица

Од Сојузот апелираат до Министерството да ги објави увозниците и заедно да најдат решение за недооткупената пченица, околу 30.000 тони што е околу една петтина од последната реколта.

Share
Прочитај повеќе

Зеленчук со пестициди, брашно со пепел

Во 2017 година биле увезени 14.400 пратки со храна од животинско потекло и живи животни, додека како транзит поминале 3.571 пратка, односно увезени биле 140.660.268 килограми, а транзитирале 52.374.270 килограми храна. Земени биле вкупно 341 мостра за лабораториско тестирање. 

Share
Прочитај повеќе