Законот за финансиска поддршка на инвестициите ги опфати и ИТ секторот и земјоделците

Со новите измени на Законот за финансиска поддршка на инвестициите 4.000 компании ќе можат да добијат државна помош. Отсега опфатени ќе бидат и ИТ компаниите, земјоделските преработувачки фирми кои не добиваат помош од ИПАРД, градежни компании кои сакаат да го модернизираат производството и трговци кои ќе сакаат да отворат производни капацитети.

Share
Прочитај повеќе

Јавен оглас за изградба на фотоволтаични електрани на државно земјиште

До август годинава ќе трае тендерот за изградба на фотоволтаични електрани на државно земјиште кај Свети Николе и кај Македонски Брод.

Share
Прочитај повеќе

Анѓушев и Деспотовски ја посетија „Аквапоника“- микрокомпанија што применува иновации во земјоделството

Сопствениците на компанијата „Аквапоника“, Милица и Васе Петрушевски, кои по струка се од ИТ-секторот и образование велат дека главната цел им е да ги урнат табуата дека земјоделството е нискодоходовно. Тие нагласија дека со нивниот пристап на развој на производ од „семка до полица“ по само неколку месеци носи резултати, како и дека без поддршка од државата нивниот концепт на развој на домашни брендирани еколошки градинарски производи би бил само идеја.

Share
Прочитај повеќе

Голем интерес од општините за мерките од програмата за рурален развој за 2018 година, доставени 206 барања во вредност од 38 милиони евра

-Проектите за инвестиции се претежно во селата, за да се обезбедат подобри услови за живот и да се задржат луѓето во руралните средини“, изјави министерот Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Анѓушев: Инвестицијата во фотоволтаични централи се исплаќа за пет до осум години

Кочо Анѓушев: Едно е да се градат фотоволтаични централи на државно земјиште. Предвидено е 25 мегавати во Свети Николе и десет мега вати во Македонски брод. Околу триесетина до триесет и пет илјади евра ќе чини приклучокот за еден мегават. Инвеститорите ќе имаат право да ја продаваат електричната енергија на слободниот пазар, а дополнително и да ја понудат на откупувач. Втората опција е да се градат на сопствено земјиште. И едните и другите кај државата ќе аплицираат за премиум, што е претходно утврден, а ќе можат да аплицираат сите што ќе ги исполнат условите.

Share
Прочитај повеќе

Имотно правните спорови меѓу фирмите да се решаваат и со арбитража

Бизнисот побара од Владата при склучување на договор за јавно – приватно партнерство во  клаузулата на договорот да ја стават и арбитражата како можност за решавања на евентуален спор доколку некоја од страните не го почитува договореното. Стопанството смета дека се потребни и измени на Законот во однос на решавање на предметите поврзани со имотно правните спорови и за нив да се применува арбитражата се со цел побрзо и подобро решение.

Share
Прочитај повеќе

Успешна приказна за користење европски пари во млекарницата „Сентис“ АГ во Тетовско Џепчиште

-Законот за финансиска поддршка го проширивме за опрема за преработка на земјоделски производи со цел да ги заштитиме земјоделците и да им овозможиме своето производство да не го продаваат како свежо, туку преработено со што се добива додадена вредност но и се зголемува трајноста на производите. Така тие нема да мора да ги продаваат своите производи кога има најниска цена или пак дел од производството да не го продадат, изјави Анѓушев.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Со европски средства од ИПАРД 2 и владина поддршка обезбедуваме развој на преработувачката индустрија

-Ме радува што на првиот повик од ИПАРД 2 програмата се склучени 950 договори од кои што 760 договори се веќе реализирани односно тоа се инвестиции во износ од 8,3 милиони евра“, изјави Николовски, додавајќи дека претходниот месец завршија два нови јавни повика од ИПАРД 2 програмата, на кои вкупно се поднесени околу 1.200 барања, чии што износ на инвестиции надминува 33 милиони евра. 

Share
Прочитај повеќе

Владата ќе субвенционира производство на струја од сончева енергија

„Државата ќе го додели земјиштето на долгорочен закуп, државата ќе го реши проблемот со урбанизацијата и државата ќе преговара со операторот на дистрибутивната мрежа. После потпишувањето на договорот единсвена обврска на инвеститорот ќе биде да си направи основен проект, не е тоа комплицирано, да направи некаков еколошки елаборат, тоа исто така оди брзо, ќе му требаат два – три месеци, во меѓувреме може да ја набави опремата, и тој може за шест месеци да го заврши проекот доколку е добро организиран“, рече  Кочо Анѓушев – вицепремиер за економски прашања.

Share
Прочитај повеќе

Потпишување договори за доделување државно земјоделско земјиште над три хектари

-Ги потпишавме првите договори за инвестицискиот оглас за закуп на земјоделско земјиште, преку кој директно ќе се вложат 11 милиони евра за преработувачки капацитети од различни земјоделски гранки.Имаме рекордна заинтересираност за овој оглас, со него опфатени се вкупно 1.341 хектари површини, истакна Николовски. 

Share
Прочитај повеќе