За лозарите и винарите нема веќе неизвесност, обезбедуваме значајна финансиска поддршка за производство и откуп на грозјето

Вкупно за 4 години за дополнителни мерки и преку КОВИД – програмата за поддршка на лозарите исплативме над 16 милиони евра“, подвлече Николовски кој оцени дека со Владината поддршка се  реши еден долгогодишен проблем на лозарите враќајќи ги парите кај лозарите што им ги должеа дел од винарниците, за да можат повторно да инвестираат во лозовите насади.

Share
Прочитај повеќе

„Владата е тука да помогне и годинава“, одговори Заев на прашањето дали очекува мирен гроздобер

„Владата е тука да поддржи и да помогне и оваа година, сигурно ќе развиеме планови и политики за да помогнеме и да поддржиме сѐ со конечна цел, за вакви тешки моменти коишто предизвикаа рефлексија и навистина погоденост во многу гранки“.

Share
Прочитај повеќе

Лозарство – Календар за месец март

Во март се засадуваат нови лозја. За таа цел се избира здрав посадочен материјал и
растојанија кои овозможуваат нормален развој на лозата и спроведување потребните
агротехнички мерки.

Share
Прочитај повеќе

Лозарство – Календар на активности за месец Февруари

При поволни временски услови во февруари продолжува грижата за лозовите насади. И во овој зимски месец штетниците се во состојба на мирување под кората налозите, во основата на кордуницата и најмногу во папките. Затоа се препорачува чистење на старата кора по кордуницата и рамените гранки на лозата.

Share
Прочитај повеќе

Лозарство – Календар Со Активности За Јануари

Во јануари, во лозарството се вршат релативно малку, како агротехнички, така и мерки за заштита. Во сончевите и потопли денови треба да се изрши ревизија лозите за утврдување на зараза од црвен овошен пајак и гроздови молци (жолт и сив), непријатели кои често ги напаѓаат лозовите насади и предизвикуваат значителна штета. Овие штетници презимуваат како јајца на чеповите на лозјата и околу пупките на лозови прачки и во пукнатините на кората.

Share
Прочитај повеќе

Лозарство – календар за месец декември

И лозовите насади се во фаза на мирување, но кога дозволуваат временските услови, во
насадите може да се продолжи со неопходните третмани. При тоа потребно е да биде
заштитен коренот на лозите за да не настрада од мразот.

Share
Прочитај повеќе

Календар за месец ноември -ЛОЗАРСТВО

Во овој период се врши основното ѓубрење со комбинирани ѓубрива, по што земјата се заорува на 18 -20 см. 

Share
Прочитај повеќе

Календар на активност за месец јули – Лозарство

Уште на самиот почеток од месецот се почнува со филизење. Се отстрануваат вишокот леторасти во почетокот на нивниот раст. На овој начин се регулира бројот на леторастите, се обезбедува подобар раст и подобро зреење на прачките, се олеснува борбата против различните болести и штетници, се подготвува лозата за наредната резидба и се регулира соодносот помеѓу родните и неродните леторасти.

Share
Прочитај повеќе

Лозарство-календар на активности за месец јуни

Овој период убаво е да се изврши плитка обработка на почвата. Исто така се води грижа
за новите лози. Потребно е да се внимава и на почвата околу пенушките и доколку е поткопана или оштетена од дождовите треба да се корегира и да се надополни.

Share
Прочитај повеќе

Лозарство – календар на активности за месец април

Во овој период кроењето на лозјата веќе треба да биде завршено. Доколку не е
извршена пролетна обработка и внесување на ѓубрива, потребно е во текот на овој месец
да се заврши со таа агротехничка мерка. Треба да се користат комбинирани ѓубрива со
брза апсорпција. Потребно е да се започне со првите обработки на почвата и уништување
на плевелите.

Share
Прочитај повеќе