Невреме беснееше низ Македонија: Силен град, ќе се утврдуваат штети

Врнежи од град вчера ги зафатија четирите општини од Тиквешијата, дополнително ќе се утврдуваат штетите врз земјоделските култури. Ова денеска за МИА го потврдија Драган Николов и Ѓорѓи Ајтов, од подрачните служби на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството во Кавадарци и Неготино.

Share
Прочитај повеќе

Општина Прилеп исплати обесштетување за јулското невреме

Општина Прилеп вчера започна со обесштетување на земјоделците кои претрпеа големи штети во јулското невреме. Општината оддели 100.000 евра, а секој земјоделец ќе биде обештетен со 3% од вкупната штета која ја имал. Земјоделците се задоволни од ова обесштетување, но сепак очекуваат обесштетување и од државата кое што може да биде и до 15% од вкупната штета.

Share
Прочитај повеќе

Вчерашното невреме проследено со град ги уништи јаболката во Преспа

Најпогодени од невремето се селата Јанковец, Болно и Избишта. Според земјоделците, градот нанел голема штета на јаболката, чија берба е во полн ек.

Share
Прочитај повеќе

Општина Струмица ја заврши проценката, невремето во јули предизвикало штета од над 34 милиони денари

Од посадените земјоделски култури најмногу штета има на посевите со индустриска пиперка на отворено 54,8 хектари како и засадена во фолии 7,3 хектари при што има и уништено пластеници од силниот ветер. Оштетени посеви со пченка на 13,1 хектари, пченица 14,4 хектари, како и штета на посеви со бостан, дињи, зелка на отворено, модар патлиџан, карфиол и други земјоделски култури. Штети имаше и на долгогодишни насади – сливи, круши и лозје, рече Ѓоргиев.

Share
Прочитај повеќе

Во Прилеп поднесени 1.315 барања за обесштетување од јулското невреме

До крајниот рок, 3 август, до прилепската комисија се поднесени 1.315 барања за обесштетување на земјоделците кои беа погодени од невремето, што на 23 јули го зафати Прилепско. Извештаите и елаборатот за штетите од јулското невреме треба да бидат готови во почетокот на септември.

Share
Прочитај повеќе

Поцков: Граѓаните на Гевгелија кои претрпеле штета од невремето да пријават во Општината

– Денес извршивме увид на состојбата во Негорци после вчерашното невреме. Градот и силните ветрови предизвикаа значителна штета на земјоделското производство. Комисијата за проценка на штети денес излегува на терен за првично согледување на состојбата. Сите граѓани кои претрпеа штети од невремето можат да пријават штета до петок (27 јули) во општинските канцеларии во населените места или директно во Општината, рече Поцков.

Share
Прочитај повеќе

Пустош од невремето во Прилепско

Земјоделците од Прилепско, посебно од атарите на селата Мало и Големо Коњари се неутешни по вчерашното невреме проследено со пороен дожд и град во кое сто отсто им е уништен родот, главно, тутунот, пиперките и дел од житните култури.

Share
Прочитај повеќе

Силно невреме во Прилеп, оштетени површини со тутун, пиперки и житни култури

Според првичните процени на општинските комисии, зафатени се над 300 хектари главно во атарите на Мало и Големо Коњари, месноста „Орде Чопела“ и атарот на населабта Варош. Сто отсто се уништени површините со тутун, пиперки и житни култури.

Share
Прочитај повеќе

Заврши пријавувањето на штети во Могила, најмногу настрадан тутунот

Заклучно со 16 јули кога беше и крајниот рок за пријавување, поднесени се околу 150 барања, а зафатени се од 350 до 400 хектари обработливо земјоделско земјиште, вели градоначалничката на Општина Могила, Јасмина Гулевска. Земјоделците од овие села најмногу штети имаат пријавено за тутунот, потоа се житните култури и лозовите насади.

Share
Прочитај повеќе

И до 10.000 евра штети во земјоделството од минатонеделното невреме

Додека некои од земјоделците ги проценуваат штетите на над десет илјади евра и велат дека е крајно време да се размислува за осигурување на посевите, ресорното Министерство најавува поедноставување и забрзување на постапките за обесштетување.

Share
Прочитај повеќе