6000 единки подмладок од крап и пастрмка, денеска беа пуштени во водите на Акумулацијата Стрежево

Денеска министерот за земјоделство, Трајан Димковски заедно со директорот на ЈП Стрежево Менде Граматковски и градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска учествуваа во порибувањето на водите на ова езеро со 1000 единки подмладок од крап и 5000 единки подмладок од пастрмка, како дел од активностите за зголемување на популацијата на риби.

Share
Прочитај повеќе

Порибување со пастрмка во реката Брегалница во Делчево

-Пастрмката е вид на риба која доколку нема поголеми загадувања може да успее и во водите на Брегалница. Што се однесува до моменталната состојба со животинскиот свет и покрај големите загадувања и ловење на риба на неспортски начин, сепак има риба во Брегалница, но она што сакаме да го направиме е преку вакви порибувања, повеќе пати во годината животинскиот свет во реката Брегалница во Делчево уште повеќе да го  да го збогатиме, додава Стојмирски.

Share
Прочитај повеќе

Од рибниците на Бигорскиот манастир повторно ќе се вади радичка пастрмка

– Завршена е првата фаза. Расчистени се рибниците, што беа покриени со песок, камења и други отпадоци, како и на просторот околу нив, кој беше обраснат со дрва, трева и грмушки, вели отец Кирил од Бигорскиот манастир.

Share
Прочитај повеќе

Македонија ја очекува дозволата за извоз на пастрмка во ЕУ

– Очекуваме за месец до два да бидеме ставени на листата, а потоа, преку зајакнување на биосигурносните мерки на рибниците, некои од нив и од одгледувалиштата да бидат одобрени за извоз, нагласува директорот. Според него, откако Македонија ќе ја добие дозволата за извоз на пастрмка во ЕУ, производителите или одгледувачите ќе може да аплицираат за извоз и да планираат долгорочни инвестиции во тој правец. 

Share
Прочитај повеќе

Интензивирање на соработката за заштита на Охридското езеро, пастрмката и белвицата

Во рамките на вчерашната агенда, министерот Љупчо Николовски, со министерот за земјоделство и рурален развој на Република Албанија, Нико Пелеши, имаа заедничка средба со градоначалникот на општина Охрид, Јован Стојаноски.

Share
Прочитај повеќе