Со модернизација на земјоделството до подобар пласман на европските пазари

Изградбата на современ откупно дистрибутивен центар во Ресен е потребен за да се надмине проблемот со складирање и чување на земјоделските производи, пред се јаболката што ќе доведе кон стандардизирано производство и комерцијализација на домашен и меѓународен пазар, додека пак, откупно дистрибутивниот центар во Струмица ќе се фокусира на главните култури произведени во регионот, како што се домати, зелка и пипер.

Share
Прочитај повеќе

Менде Трајковски: Со Земјоделската Задруга Нектар-Бт ќе спроведеме успешен агро бизнис – медот ќе се пакува и преку задругата ќе се пласира на пазарот

-Очекуваме да ни се приклучат нас или сами да пристапат кон здружување и формирање на нова задруга и да ги искористат бенефитите кои за прв пат ги дава оваа Влада и МЗШВ.  Придобивките се огромни. Здружени во задругата и со набавката на машините е супер шанса за нас, но ако не бевме здружени немаше да добиеме ваков проект и ваква финансиска поддршка. Повеќето пчелари се со мал капацитет и како се обединуваме заедно, ќе бидеме интересни за пазарот во врска со пласманот на медот и останатите пчелни производи. Не се приморани пчеларите секој поединечно да формира фирма, и токму затоа е многу полесно за сите, истакна Трајковски.

Share
Прочитај повеќе

Земјоделски форум: „Организирано земјоделство до сигурен пласман“

-Зборував за мерките што во таа насока ги презема МЗШВ, како и идните чекори кои заеднички ќе ги преземеме за поттикнување на договорното производство и развој на овој значаен сектор. Особено ми е драго што земјоделството веќе бележи нагорни трендови и почнува да станува вистински двигател на економијата, истакна министерот Николовски. 

Share
Прочитај повеќе

Мојсовска: Климатските промени создаваат најголеми проблеми кај македонските земјоделци

-Потребни ни се и преработувачки капацитети за вишокот земјоделски производи, како и регулирање на продажбата „од куќен праг“ иако дел од овие правилници се веќе почнати. Минатата година на Првиот форум беа дадени и препораки за спречување или барем за намалување на дел од проблемите со кои се соочуваме, рече Мојсовска.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ и производителите на јаболка се договорија, за една недела ќе подготват заеднички предлози

-До 1-ви март ќе излеземе со заеднички предлози и мерката би се донесла после претседателските избори, бидејќи сега сме ограничени за менување во годишната програма поради предизборниот период. Во врска со времената мерка што заврши на 25 декември лани, калкулациите беа тие 3 денари по килограм за предадено индустриско јаболко, да се трансформираат во субвенциите по хектар. Затоа во новата Програма за 2019 година, субвенциите за одржување на насади се зголемени од 39.000 денари по хектар на 50.000 денари, со тоа што имаат дополнителни 15% за подрачја со ограничнеи можности над 700 метри надморска височина, а Ресен влегува во таа категорија, и таа субвенција за развојните категории достигнува 57.500 денари по хектар. Тоа е прифатено и поздравено од овоштарите“, изјави шефот на кабинет на МЗШВ, Трајан Димковски.

Share
Прочитај повеќе

Во буџетот за 2019, износот за субвенции и рурален развој изнесува вкупно 8,4 милијарди денари

Во Буџетот за 2019 година планирана е поддршка за земјоделството, поддршка за производство, за квалитет и за сигурен пласман.
Износот на субвенции и рурален развој изнесува вкупно 8,4 милијарди денари.
Ветувањето „Зелена нафта“ пристигнува во 2019 година за поддршка на земјоделските стопанства од 30% при набавка на гориво за земјоделска механизација.

Share
Прочитај повеќе

Враќање на сончогледот на македонските ниви преку договорно производство и сигурен откуп

„Со оглед на тоа дека сончогледот е пролетна култура, се сее во март месец, а интересот е голем кај земјоделците во периодот што следи ќе има кампања за што поголемо информирање на земјоделските производители во март месец да се засеат поголеми површини од моменталните 2000 ха“, рече Николовска.

Share
Прочитај повеќе

Иднината на македонскиот аграр е во нови технологии и сигурен европски пласман

Иднината на македонскиот аграр е во нови технологии, однапред договорен пласман и окрупнување на земјоделските површини. Македонските земјоделци бараат зголемување на субвенциите како во Европската унија, каде 67 проценти од буџетот се насочува за развој на земјоделството.

Share
Прочитај повеќе

Сливарите очекуваат рекордна реколта

– Апелирам до Министерството за земјоделие, да има лиценцирани откупувачи, кои што ќе склучат договор на почетокот од годината за да знаеме колкава ќе биде цената и кој ќе откупува, а не без лиценца, кој сака доаѓа, уценува или едноставно не се појавува и родот останува по нивите- додаде Десподов.

Share
Прочитај повеќе

Преземени конкретни мерки околу пласманот на праските

– На средбата беше присутна и Ленче Николовска, советник во кабинетот на премиерот Зоран Заев. Факт е дека години наназад се соочувавме со проблемот на пласман и исплата на родот. Беше разговарано за изнаоѓање решенија, финансиска поддршка преку кредити или некој друг начин за откупувачите да бидат посигурни кога ќе влезат во откупот, а истовремено, сигурноста да е поголема и за производителите, околу исплатата, појасни градоначалникот.

Share
Прочитај повеќе