Димковски : Заедно со локалната самоуправа активно работиме во спроведување на мерките за превенција од појава и ширење на болеста африканска свинска чума.
„Би сакал да нагласам дека сите превентивни мерки што ги преземаме се за намалување на ризикот од африканска свинска чума, со градоначалникот Бочварски и со ветеринарната стануца тука во Штип ги разгледавме сите мерки кои ги преземавме ние како министерство, затоа што секако, први кои би се соочиле со оваа болест се ветеринарните амбуланти и локалната самоуправа. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, веќе ја подготви програмата со која од 1 септември до 15 октомври сточарите кои не ги исполнуваат биосигурносните мерки ќе добијат парична сума од 3 илјади денари по глава. “, изјави министерот Димковски
Прочитај повеќе