АХВ со препораки за заштита на добитокот и милениците од топлото време

– Температурите над 30 степени за секое животно се голем стрес што може да се манифестира со намалено консумирање храна, зголемена потреба од вода, намалено производство на млеко и слаб прираст. Ако  животните се држат во несоодветни услови може да дојде до појава на топлотен удар, а ако се директно изложени на сонце, до сончаница. Во двата случаја исходот може да биде фатален доколку не се делува на време, предупредува Агенцијата.

Share
Прочитај повеќе

АХВ: Купувајте сладолед од сигурни продажни места

– Внимателно читајте го означувањето. Ако сметате дека храната не е безбедна, не ризикувајте, фрлете ја. Јадете и купувајте на проверени места, со добра репутација, во објектите за брза храна одбегнувајте ги додатоците кои не стојат во ладилник, мајонез, кечап, крем салати, сосови, преливи,…, додека при пазарењето избегнувајте храна со оштетена амбалажа (нагмечена, надуена или напукната). Месото, млекото и јајцата не ги чувајте долго време во автомобилите – нагласува АХВ.

Share
Прочитај повеќе

АХВ со препораки за заштита од заразни болести при поплави

За заштита на животните, АХВ вели дека сопствениците, без разлика дали се работи за домашен миленик или домашни животни, треба постојано да ја следат метеоролошката состојба, особено предупредувањата од надлежните органи за опасност од појава на поплави, за да можат навремено да ги извршат неопходните подготовки за заштита на животните.

Share
Прочитај повеќе

АХВ со препораки за одгледувачите на животни во услови на снег и ниски температури

При појава на ниски температури, особено екстремно ниски кои се проследени со силен ветер и високи врнежи и наноси на снег, препорачливо е да се зголеми вообичаената дневна дажба на храна која им се дава, а особено кај гравидните животни за да можат да ја одржуваат својата телесна температура.

Share
Прочитај повеќе