Винарниците ветуваат откуп на целата реколта и исплата согласно законите

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски одржа работен состанок со претставници од винарските визби, а целта, како што соопшти ресорното Министерство, е навреме да се анализираат податоците во делот на планираното производство за реколтата 2019, квалитетот на родот и откупот од страна на винарниците.

Share
Прочитај повеќе

Заврши откупот на оризот од реколтата 2018, постигната висока откупна цена

Откупната цена на белиот ориз од реколтата 2018-та бележи пораст од 8 до 13 денари по килограм. Конкретно, крупниот бел ориз се откупуваше по цена од 45 до 50 денари за килограм , за разлика од реколтата 2017 –та кога откупната цена беше од 35 до 37 денари.

Share
Прочитај повеќе

Откупени 16.434 тони тутун, откупот може да заврши до 20 февруари

-Во источниот дел од земјава откупот е при крај и ќе заврши за 10-ина дена, додека пак во Прилепско-пелагонискиот регион, конкретно: Прилеп, Кривогаштани, Долнени, Крушево и во Добрушево има за откуп околу 5.000 тони тутун. Тоа значи, откупот може, главно, да биде готов до 20-ти февруари. Секако дека ќе има нешто за дооткупување, но главните количества ќе ги преземат деветте откупни компании во земјава. Според состојбите со производствената година, поизводителите се задоволни од просечната цена од 210 денари за килограм, изјави Милески.

Share
Прочитај повеќе

Околу 70 отсто е откупен произведениот тутун во струмичко

-Имаме горни берби квалитетен тутун и се надеваме да достигне и цена од 215 до 220 денари. Со субвенциите што се 80, 70 и 60 денари можно е да се дојде до некоја сума од 300 денари кај некои производители кои имаат поквалитетен тутун, вели Марјан Трајков од Здруженението на тутунопроизводители „Басмак“ од Василево.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Николовски денеска од Прилеп официјално го најави почетокот на откупот на тутун од реколтата 2018

-За новата реколта на тутун се склучени 4.700 повеќе договори од минатата година и зголемени се површините засадени со тутун за 387 хектари. Ова е доказ дека нашите политики за поддршка на тутунопроизводството даваат реални резултати, овозможуваат стабилно и развојно производство, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Се чека почетокот на откупот на тутунот

-Министерството за земјоделство ги презема сите мерки за задоволување на условите за квалитетен и непречен откуп на тутунот. Во соработка со откупувачите и со производителите, како и со државниот земјоделски инспекторат, Министерството ја формираше комисијата за процена на тутунот и во Институтот за тутун веќе заврши верификацијата на мострите. Деновиве инспекторатот ги проверува пунктовите по што откупувачите ќе може да почнат со преземање на договорените количества тутун, вели Елези.

Share
Прочитај повеќе

Сливарите очекуваат рекордна реколта

– Апелирам до Министерството за земјоделие, да има лиценцирани откупувачи, кои што ќе склучат договор на почетокот од годината за да знаеме колкава ќе биде цената и кој ќе откупува, а не без лиценца, кој сака доаѓа, уценува или едноставно не се појавува и родот останува по нивите- додаде Десподов.

Share
Прочитај повеќе

Од договорените 27 милиони килограми тутун, неизвесно дали ќе се испорачаат 20

Тутунарите не ја делат оценката со Стопанската комора на Македонија дека откупната цена на тутунот годинава ќе биде пониска, но се согласни оти неповолните временски услови се одразија врз квантитетот поради што е неизвесно дали ќе се испорачаат договорените 27 милиони килограми, колку што бараат откупувачите.

Share
Прочитај повеќе

Договарање на новото производство на тутун

До денеска треба да бидат склучени договорите на тутунопроизводителите со монополите. Тутунарите бараат од откупувачите да ги зголемат откупните цени за 20 проценти, по класи и по типови на тутун за реколтата од 2018-та година, заради зголемените трошоци за производството и подобриот квалитет на родот.

Share
Прочитај повеќе