Во општина Крива паланка се реализира проектот „Проектирање и изведба на фотоволтаични системи во рурални општини“- со средства од ЕУ

На барање на Владата, Европската Унија обезбеди 15,5 милиони евра за развој на руралната инфраструктура. Вкупниот износ на програмата, вклучувајќи го и кофинансирањето од страна на Владата изнесува 20,667 милиони евра. Програмата ја имплементира Министерството за финансии, а истата е администрирана од страна на Светска банка.

Share
Прочитај повеќе

Поддршка од Светска Банка за проектите од областа на економијата, вклучително и земјоделството

Денеска, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, имаше работна средба со министрите од економскиот ресор и со новиот извршен директор на Светска банка, Кун Дејвидсе.
-На средбата разговаравме за поддршката од Светска банка во периодот 2019-2023 и за реализација на проектите од областа на економијата, вклучително и земјоделството, истакна Николовски. 

Share
Прочитај повеќе

Модернизација на земјоделството со помош на Светска Банка

-На денешниот состанок со директорот на Светска банка за Македонија, Марко Мантованели и со делегацијата од Светска банка, ги презентиравме политиките на МЗШВ и важноста на поддршката што би ја добиле од Светска банка. Наши заеднички приоритетни цели се модернизација на земјоделството, зголемување на извозот, олеснување на пристапи кон пазарите и фокус кон инвестициски мерки во програмите за субвенционирање, истакна министерот. 

Share
Прочитај повеќе

Светска банка ја подготвува новата стратегија за партнерство со Република Македонија, земјоделството е приоритет

Посебен акцент беше ставен на креирање на услови за организирано договорно производство, подобрување на квалитетот и стандардите и стратегија за извоз на македонските земјоделско-прехранбени производи. Од Светска банка потенцираа дека во оваа област поседуваат експертиза и можност да обезбедат средства за инвестиции во откупно-дистрибутивни центри.

Share
Прочитај повеќе