Што значи „Договорно производство“?

Двете страни вклучени во договорното производство можат да имаат корист. И фармерите и купувачите на производството. Преку договорното производство фармерите имаат загарантиран пазар и намалени ризици околу неизвесноста на продажбата преку договорени цени, а во некои случаи и преку поддршката од купувачот во набавка на репроматеријали, како што се семиња, ѓубрива или заштита, како и советодавни услуги.

Share
Прочитај повеќе

Производителите на сончоглед се здружија во Асоцијација

Производителите на сончоглед формираа Асоцијација со цел заеднички решавање на нивните проблеми но и поддршка во текот на склучувањето на договори, производството и откупот од страна на фабриката „Благој Ѓорев“ од Велес.

Share
Прочитај повеќе

Николовска: Земјоделци, не се мислете, подгответе ги нивите за сончоглед, субвенциите се високи

Субвенциите за 5 до 50 ха со сертифициран семенски материјал за садење на сончоглед се 23 160 денари, доволна мотивација да склучите договор со откупувачот и да набавите семе.

Share
Прочитај повеќе

(ВИДЕО) Се одржа втората трибина во рамки на кампањата за Договорно производство на сончоглед

-Договорното производство е вистинското решение за стабилен пласман. Тие што ќе се решат да произведуваат треба да знаат дека државата ги поддржува и има заинтересираност од компаниите. Мерките ги носиме заедно со земјоделците и сите засегнати страни, а субвенциите кои ги доделуваме продонесуваат за развој на земјоделството, посочи Николовски. 

Share
Прочитај повеќе

Стартува кампања за договорно производство на сончоглед

Враќањето на сончогледот на македонските ниви е многу важен процес кој ќе придонесе во решавање на проблемот со пласманот на пченицата, обработување на напуштени земјоделски површини како и намалување на трговскиот дефицит преку намален увоз на суров сончоглед за преработка но и увоз на сурово масло кое понатаму преработувачките капацитети во државата ќе можат да го набавуваат од домашно производство. Како влада стоиме до земјоделците и агробизнисмените во сигурноста што значи почитување на договорите и навремена исплата на родот“, рече Ленче Николовска, посебен советник за земјоделство, шумарство и водостопанство на Претседателот на Владата на Република Македонија.

Share
Прочитај повеќе

Враќање на сончогледот на македонските ниви преку договорно производство и сигурен откуп

„Со оглед на тоа дека сончогледот е пролетна култура, се сее во март месец, а интересот е голем кај земјоделците во периодот што следи ќе има кампања за што поголемо информирање на земјоделските производители во март месец да се засеат поголеми површини од моменталните 2000 ха“, рече Николовска.

Share
Прочитај повеќе

Како да се вратат на нивите: сè помалку памук, шеќерна репа, сончоглед, афион

Од некогашните 2.000 хекатри, во 2007 година површините со шеќерна репа изнесувале само  345 хектари. По 2008 година шеќерната репа до денес не е посеан ниту хекатр со оваа култура, шеќерната репа комплетно исчезна од македонските ниви. Во Пелагонија некогаш оваа култура претставуваше главен фактор во земјоделството бидејќи вклучуваше бројна работна сила, беше корисна за сточарството, за плодоред и други бенефити.

Share
Прочитај повеќе