ИЗВЕСТУВАЊЕ за кандидатите кои беа пријавени до 04 октомври 2021 година за одржување на обука и полагање на испит за добивање на лиценца за процена на тутун и СООПШТЕНИЕ за пријавување на кандидати за полагање на испит за добивање на лиценца за проценител на тутун

СЕ ИЗВЕСТУВААТ кандидатите кои согласно Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи исполнуваа услови за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на необработен тутун, а согласно протоколите за КОВИД 19 беа спречени да присуствуваат на обуката и испитот кој се оддржа во 2021 година, може да посетат обука која ќе се одржи на 28 февруари 2022 година, а полагањето на испитот на 01 март 2022 година во Научен Институт за тутун во Прилеп со почеток во 10 часот. Списокот на кандидатите е даден во Прилог 1.

Share
Прочитај повеќе

Соопштение за извршениот избор на кандидати за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на тутун и соопштение за втори термини за обука и испит

За 141 кандидат е утврдено дека го исполнуваат законскиот услов поради што се одлучи обуката и испитот да се спроведуваат во два термини.

Share
Прочитај повеќе

АХВ: Колењето на свињи во селските домаќинства да се изврши крајно внимателно

За да се елиминира секаква можност од евентуална појава и спречување на вирусот на африканска свинска чума и други болести, но, и заради лична заштита, неопходно е да се води сметка колењето на свињите да се изврши во ограден простор (начесто двор), каде пристап нема да имаат други животни и домашни миленици. Површината на која ќе се врши колењето (бетонска или друг тип на површина која лесно се одржува), треба да може лесно да се измие со вода и да се дезинфицира.

Share
Прочитај повеќе

Исплатени 30 отсто повисоки субвенции за фармерите кои го зголемиле сточниот фонд во споредба со претходната година

Оваа мерка се исплаќа по прв пат и беше Владино ветување, се со цел поттикнување на одгледувачите на добиток за зголемување на сточниот фонд во Република Северна Македонија.

Share
Прочитај повеќе

За 15 дена е продолжен рокот за поднесување барања за користење средства од ИПАРД 2 Програмата 2014 – 2020 за мерката „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“

Оваа мерка овозможува реализација на инвестиции во модернизација на постоечките или отворање на нови погони за производство на тестенини, пијалоци, колачи, пекарски производи, фарми за одгледување на зајаци, дивеч, насади за дрва и дрвена маса, аквакултурни фарми за слатководна риба, сместувачки капацитети како и отворање на ресторани кои нудат угостителски услуги.

Share
Прочитај повеќе

Соопштенија ИПАРД 2014-2020

Во вторник започнува последната недела од серијата на инфо денови организирани од страна на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Share
Прочитај повеќе