Средба на министерот Арјанит Хоџа со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Анке Холштајн

Министерот Хоџа потенцираше дека во преговарачкиот процес со ЕУ помошта и искуството на Германија е исклучително значајно за нашата држава, како и за исполнување на препораките од извештајот на ЕК во делот на земјоделството и руралниот развој, фитосанитарната политика и рибарството.

Share
Прочитај повеќе

Работен состанок на Министерот Хоџа, со бизнисмени од приватниот сектор и со членови на Стопанската комора на Северна Македонија

За време на состанокот се дискутираше за актуелната состојба, проблемите и различните предизвици со кои се соочува бизнисот во Република Северна Македонија.
Главна тема на состанокот беше ситуацијата создадена од панемијата КОВИД 19, соодветно проблемите со кои се соочуваат бизнисите како резултат на ситуацијата.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Хоџа оствари средба со претставнички на Телото на Обединети Нации за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women)

Исто така, министерот Хоџа ќе се заложува за подобрување на економската и социјалната положба на жените во руралните средини преку зајакнување на ефективноста и влијанието на националните програми за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, креирање и промовирање на мерки за зголемување на можностите за вработување, како и креирање на мерки за признавање на неплатениот труд на жените во земјоделството и во семејството.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Хоџа одржа средба со одгледувачите на овци

Согласно заклучоците од денешниот состанок, министерот Хоџа ќе ја информира Владата за барањата на одгледувачите на овци, со цел изнајдување на дополнителни средства наменети за поддршка на подсекторот овчарство.

Share
Прочитај повеќе

Премиерот Заев со министерот Хоџа утрe на средба со лозарите во Кавадарци

Утрешната средба со лозарите во Кавадарци е само уште една во низата средби, консултации и состаноци со сите чинители во овој процес. Откупот на грозјето останува во фокусот на Владата и ресорното министерство.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Димковски на средба со лозаропроизводителите

Заеднички заклучок на сите присутни е дека винариите треба да имаат коректен однос кон своите партнери – земјоделците, да формираат цени кои нема да бидат навредливи за трудот на земјоделецот, туку напротив ќе го стимулираат производството.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Димковски имаше работен состанок со концесионерите на ловиштата

По повеќе одржани средби со концесионерите, конструктивни дискусии и предлози во изминатиот период, може да се каже дека законот е во финална фаза.

Share
Прочитај повеќе

Димковски оствари средба со здружението Бело Злато од Кочани

-Секогаш ми е задоволство да учествувам на вакви работни состаноци каде можеме да размениме предлози, да споделиме нови информации и искуства со цел секоја реколта да биде подобра од претходната, истакна Димковски. 

Share
Прочитај повеќе

Димковски одржа работен состанок со Здружението на лозари „Напредни лозари“

-Во изминативе три години, бевме во постојана комуникација со земјоделците. Од сите наши средби и состаноци, произлегоа многу идеи и предлози за подобрување на секторот. Како и многупати досега, нашата отворена комуникација со лозарите носи напредок. Разговаравме за цената и пласманот на грозјето и подобрените услови за производство на вино, истакна Димковски. 

Share
Прочитај повеќе

Ќе се гради Слупчанска брана со која ќе се овозможи наводнување на дополнителни 1.500 хектари обработливо земјиште

Во тек е подготовка на техничка документација за изградба на Слупчанска брана со која ќе се овозможи наводнување на дополнителни 1.500 хектари обработливо земјиште и дополнување на сегашните брани.

Share
Прочитај повеќе