Форумот се организира во склоп на едукативната кампања на ИПАРД Програмата. Како дел од истата претставниците од Телото за управување со ИПАРД фондовите од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој до сега ги информираа граѓаните во Сопиште, Петровец, Берово, Пехчево, Дојран, Негорци, Белчишта и Охрид на посебни инфо денови. Инфо деновите од Кампањата за Публицитет на ИПАРД 2014-2020 ќе продолжат и оваа недела, и тоа: на 25. октомври 2019 година во 11.00 часот во ресторан Галија во Калиште и во 15.00 часот во салата на општина Вевчани.
Прочитај повеќе