Потпишан Договорот за фитосанитарна соработка помеѓу РС Македонија и Република Албанија

По потпишувањето, двајцата министри рекоа дека овој договорот е многу важен за создавање на потполно бесплатен коридор за циркулација на земјоделски производи во двете земји и понатамошен чекор кон стратешката иницијатива на „Балканскиот Шенген„ за развој на нашиот регион.

Share
Прочитај повеќе

Договор за финансирање на Центарот за развој на Вардарски плански регион за 2019

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски денеска во Велес заедно со градоначалниците од Вардарскиот плански регион ќе го потпише договорот за финансирање на Центарот за развој на планскиот регион за 2019 година.

Share
Прочитај повеќе

Димковски: До крајот на месецот ќе се поделат првите картички за “зелена нафта”

И најмалите земјоделци односно и оние кои имаат 0,2 хектари земја нема да останат без субвенционирана нафта. Најнискиот износ кој ќе биде на една картичка е 500 денари а додека највисокиот износ е исто така лимитиран и ќе биде до 100.000 денари. Преку оваа мерка допринесуваме значително да се намалат производствените трошоци, што за земјоделците ќе значи поекономично производство и поголеми приходи. Средствата за оваа Мерка во висина од 200 милиони денари се обезбедени а со оваа мерка ќе бидат опфатени 55.000 земјоделци. 

Share
Прочитај повеќе

Земјоделец понудил 100 милијарди евра за три хектари земја

За да добие државно земјиште од три хектари на јавно наддавање, земјоделец понудил дури 100 милијарди евра! Неговата понуда била избрана како најповолна и му било понудено да потпише договор со државата. Но, договорот тој никогаш не го потпишал. Земјиштето останало обраснато во трева. При тоа, со ваквата негова несериозна постапка, овој понудувач спречил ова земјиште да го добие некој кому навистина му требало за работа. „Внесуваме уште една можност, односно при електронското наддавање за земјоделско земјиште над 3 хектари, доколку прворангираниот не го склучи договорот, тоа може да го стори второрангираниот“, рече Љупчо Николовски, Министер за земјделство.

Share
Прочитај повеќе

Потпишување договор за изведувач за Програмата за наводнување на јужно вардарска долина

Во Домот на културата во Валандово денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, ќе присуствува и ќе се обрати на потпишување на договорот за изведувач за Програмата за наводнување на јужно вардарска долина, втора фаза.

Share
Прочитај повеќе

АХВ потпиша договор за научно техничка соработка со италијанското министерство за здравство

Во исто време договорот ќе обезбеди административна и техничка поддршка на АХВ во процесот на унапредување на веќе воспоставените системи за контрола од областа на здравствената заштита на животните и безбедноста на храната, продлабочување и допрецизирање на соработката меѓу двете земји, со што ќе се придонесе за унапредување на научната и експертската соработка во областа на здравствената заштита на животните и безбедноста на храната.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Раскинати над 200 договори за земјоделско земјиште поради неплаќање закуп

-Се работи за земјиште што се давало под закуп на најмалку три години. Постапката за санкционирање ќе потрае, уште е во тек процесот на медијација. Сметаме дека веројатно бројот на раскинати договори ќе достигне околу 500 – 600, рече Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Утре заедничка средба на сите ресорни министри од регионот за надминување на проблeмот со Косово

Доколку не се надмине проблемот во среда, наредните денови министрите за земјоделство и за економија, ќе се сретнат со нивните колеги од Косово. Ќе се бара начин за надминување на ситуацијата. Целта е укинување на одлуката и овозможување брз проток на стоки и услуги како и трговска размена помеѓу двете земји. Очекуваме да се постигне соодветен договор, во кој нема да има незадоволни страни и кој ќе биде од интерес на сите, велат од МЗШВ.

Share
Прочитај повеќе

Потпишани договори помеѓу Македонија и ФАО–Поголема конкурентност на земјоделството и мерки за справување со климатските промени

Министерот Николовски посочи дека соработката помеѓу Република Македонија и ФАО се темели на доверба и партнерство, и е многу значајна на патот на евроинтеграциите на Република Македонија, како и за остварување на целите кон кои се стремиме, а тоа е европско, модерно, одржливо и конкурентно земјоделство што ќе овозможи достоинствен живот и подобар стандард на живеење за земјоделските семејства и општо за граѓаните на нашата земја. Вредноста на Програмската рамка е 8,5 милиони долари, од кои речиси 4 милиони долари се обезбедени од ФАО, а останатите средства ќе се обезбедат преку други донатори.

Share
Прочитај повеќе

Шумската полиција до средината на мај ќе добие колективен договор

– Се дискутираше за постапката пред другите надлежни органи, со што ќе се увиди потребата од прекувремени часови. Се очекува до средината на мај да заврши процесот на преговори во однос на потпишувањето на колективниот договор, стои во соопштението на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Share
Прочитај повеќе