Дополнителна помош за продадено-неплатено винско грозје во период од 15 август 2014 година до 15 ноември 2016 година

Се известуваат лицата кои се наоѓаат во листата подолу дека во најкус можен рок до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој треба да ги достават следните податоци:

– Адреса на живеење
– Број на трансакциска сметка

Share
Прочитај повеќе

Лозарите ќе добијат дополнителна субвенција од 2 денари за килограм предадено грозје

Корисници на оваа подмерка се земјоделците кои имаат површини под лозови насади и оствареното производство од сортите смедеревка, вранец, картошија, станушина, бургундец црн, жилавка и кадарка од реколта 2019 година да е предадено во регистрирани капацитети за производство на вино во Република Северна Македонија.

Share
Прочитај повеќе

Исплатени 30 отсто повисоки субвенции за фармерите кои го зголемиле сточниот фонд во споредба со претходната година

Оваа мерка се исплаќа по прв пат и беше Владино ветување, се со цел поттикнување на одгледувачите на добиток за зголемување на сточниот фонд во Република Северна Македонија.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Мерката за дополнителни субвенции од 3 денари за предадено индустриско јаболко се продолжува до 30 јуни

Министерот нагласи дека се очекува да се откупи до 30.000 тона јаболка, а тоа се нови 90 милиони денари за производителите на јаболка.

Share
Прочитај повеќе

Поднесени илјада барања за дополнителната поддршка од пет денари по килограм оризова арпа

Во подрачната единица на Министерството за земјоделство во Кочани веќе е завршен приемот и регистрацијата на потврдите за предадена арпа кај овластени откупувачи во регионот, по што утврдената листа ќе биде предадена кај надлежните служби што понатаму ќе постапуваат за исплата на субвенциите.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Дополнителна субвенција од 5 денари за килограм предадена оризова арпa

Земјоделците ќе добијат 5 денари за килограм произведена и предадена оризова арпа во регистрирани откупувачи. Владата ја донесе оваа одлука поради нарушениот баланс помеѓу понудата и побарувачката и многу ниската откупна цена. Со оваа нова дополнителна субвенција ќе се поттикне договорениот откуп на оризова арпа од реколтата 2018 година, од што бенефит ќе имаат и земјоделците. Субвенцијата се однесува за количините кои се произведени и предадени во период од 1-ви октомври до 25 декември 2018 година и кои не надминуваат 5,5 тони по хектар.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Заедно со земјоделците работиме на нова мерка за стабилизирање на откупот на оризова арпа

Целта на новата дополнителна субвенција, на којашто како што како ресорно министерство работиме, е да се поттикне зголемување на откупот, да се раздвижи пазарот, да се зголеми откупната цена. Мерката ја креираме според барањето на оризопрозиводителите и праќаме јасен сигнал за нашата посветеност за развој на ова традиционално производство, на овој наш извозен бренд“, порача министерот Николовски.

Share
Прочитај повеќе

До 25 декември поднесување барање за субвенции за откупено грозје

-Ќе се трудиме пред Свети Трифун, кога се закројува лозјето и  кога им требаат парите на лозарите. Се работи за 80 милиони денари ако се 80 милиони килограми. Ги чекаме апликациите до 25 декември, и на почетокот на февруари ќе ги исплатиме парите. Планирани се во Буџетот кој е веќе проектиран за 2019 година, рече Заев.

Share
Прочитај повеќе

Владата ја донесе одлуката за дополнителна субвенција од 1 денар за сортите вранец и смедеревка

Лозарите за оваа нова дополнителна субвенција ќе можат да конкурираат до 25.12.2018 година. Во барањето за аплицирање треба да приложат и доказ ( потврда) дека грозјето е предадено во домашни винарии.

Share
Прочитај повеќе