Платежната агенција најави дека во јули ќе објави Јавен повик за Мерка 3 од ИПАРД 2 програмата

Владата на Република Северна Македонија и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известуваат сите заинтересирани правни лица дека во втората половина на месец јули 2022 година ќе се објави Јавен повик за доставување на барања за користење на финансиски средства од мерка 3 “Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи” од областа на политиките за земјоделство и рурален развој
на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програма за периодот 2014-2020 година).

Share
Прочитај повеќе