Ипард инфо караванот денес во Ново Село и Босилово

Општина Ново Село од 11 часот во салата за совет на општината,
Општина Босилово во Културно едукативниот центар од 15:00 часот.

Share
Прочитај повеќе

Инфо денови за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи

Распоредот и програмата за инфо деновите се наменети за информирање на сите потенцијални баратели за користење на средствата од ИПАРД Програмата 2014-2020.
Од утре, инфо деновите започнуваат во Ранковце и Свети Николе.

Share
Прочитај повеќе

ИПАРД Инфо денови за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“

Покрај сите детали на нив им беа претставени и најприфатливите инвестиции како градба/реконструкција на објекти и друг недвижен имот кој се користи за прифатливите економски активности, набавка и/или инсталирање на нови машини и опрема поврзани со прифатлива економска активност, набавка на наменски транспортни резервари и приколки, набавка на повеќегодишни дрвја и растенија (со исклучок на семе, саден материјал и мицелиум), набавка на нови машини и опрема за заштита на животната средина вклучувајќи опрема за производство на електрична енергија и/или греење со употреба на обновливи извори на енергија и инфраструктурно уредување. За оваа година од ИПАРД Програмата се очекува да бидат искористени уште 8,7 милиони евра.

Share
Прочитај повеќе

Едукативна работилница посветена за есенската сеидба и начините на ѓубрење во организација на здружението за земјоделци „Современо Земјоделство“

-Сите знаеме различни начини на обработка на земјата, но сите главно се задржуваат на старите технологии. Јас препорачувам, сега за подготовка на есенската сеидба да не орате, само да подривате. Тоа е најпотребно и најефикасно, верувајте. Јас работам на тој принцип и тука и на моите земјоделски површини во Бугарија. Исто така, пченката ја одгледуваме без наводнување, истакна Стоименов пред присутните кои со големо внимание го слушаа, воодушевени од неговото широко познавање.

Share
Прочитај повеќе

Предностите на органското производство

Швајцарија и Данска имаат стратегија до 100% од нивното производство да биде органско, пазарите во Европа бараат органски производи и се она што можеме да го произведеме се заинтересирани да го откупат, рече Габриела Мицевска, координатор на програмата.

Share
Прочитај повеќе