Интензивно се гради хидросистемот Конско, ќе се обезбеди наводнување на 8.000 хектари плодно земјиште

Во моментов во гевгелискиот регион има вода за наводнување на само 1.500 хектари. Со изградбата на три подсистеми на оваа брана ќе се наводнуваат околу 8.000 хектари плодно обработливо земјиште. Изградбата на овој хидросистем претставува најголем инфраструктурен зафат во овој регион изминативе 50 години. Висината на оваа инвестиција изнесува 40 милиони евра, обезбедени од буџетот на МЗШВ.

Share
Прочитај повеќе