На 300 хектари ќе се садат новите пролетни култури во Дебарско

– Од вкупно планираните површини, 180 ќе бидат засеани со житни култури, од кои 165 со пченка, 10 со пролетен јачмен и 5 хектари со овес. Што се однесува до градинарските култури тие ќе се најдат на 40 хектари, главно пипер, домати, кромид и бостан. Останатите 75 хектари ќе бидат засеани со фуражни култури, односно 50 со луцерка и 25 други фуражни култури, изјави Арбен Муладаути, овластен раководител на Подрачната единица на МЗШВ во Дебар.

Share
Прочитај повеќе