Методија Илиевски: Успехот на МЗШВ ПЕ Битола е резултат на добра организација и тимска работа

-Поднесувањето на субвенции поминаа во најдобар ред, нашата целокупна организација со канцелариите во Битола, Могила и Новаци, успешно не означија како една од најдобрите подрачани единици во државата. Поднесени се скоро 5000 апликации, со зголемена бројка во споредба со минатата година, така што тоа ни е показател дека земјоделството во Пелагонискиот регион е во нагорна линија, истакна Илиевски.

Share
Прочитај повеќе

Исплата на штети во општина Могила

4.087.329 (четири милиони осумдесет и седум илјади и триста дваесет и девет) денари се уплатени на сметките на 3 правни и 121 физички лица. Средствата се за градобитната 2019 година во атарот на село Добрушево.

Share
Прочитај повеќе

Ипард караванот денес во Могила и Кривогаштани

Сите заинтересирани земјоделци, носители на семејно земјоделско стопанство, индивидуални земјоделци или правни лица од овие општини ќе имаат можност да се запознаат со ИПАРД Програмата 2014–2020, особено со новопромовираната мерка 1, со цел, да го развијат и модернизираат сопственото земјоделско стопанство.

Share
Прочитај повеќе

Илиевски: Отвораме дисперзирани канцеларии за земјоделците во Новаци и Могила

-Како раководител сметам дека обемот на работа е многу голем, а просториите се многу мали за да можеме да дадема добра техничка поддршка за земјоделците. Во партнерство со општините Новаци и Могила ги подготвуваме канцелариите кои до 15 март ќе бидат отворени, истакна Илиевски.

Share
Прочитај повеќе

Голем интерес за огласот Млад Земјоделец во Општините Битола, Могила и Новаци

-Вкупно 181 апликација е направена преку службите на Агенцијата за поттик и развој на земјоделството. Земјоделците најмногу аплицираа за приклучна механизација за после бербени активности, за опрема за преработка на  земјоделски производи, но имаше и такви кои аплицираа за набавка на високо стелни јуници, пчели и опрема за пчеларство, – истакнаа од АПРЗ, дирекција Битола, во разговор за Современо Земјоделство.

Share
Прочитај повеќе

Во Могила отпадната слама од нивите се преработува во пелети

-Од една страна, ги намалуваме сметките за струја, а другиот дел е намалувањето на полуцијата. Знаејќи дека сме толку многу блиску до оџаците на РЕК, треба и домаќинствата да ги едуцираме и да ги научиме на други поалтернативни начини на затоплување. Освен што се поекономични, тие се и поздрави за животната средина, истакна Гулевска. 

Share
Прочитај повеќе

Дарко Шамбевски – млад и успешен земјоделец

Дарко Шамбевски од село Радобор, Могила, е млад земјоделец кој со земјоделството се занимава од кога знае за себе.  Тој е член во единственото здружение за земјоделци со седиште во Пелагонискиот регион „Современо Земјоделство“. При нашата посета кај него, тој ни раскажа дека токму оваа работа ја работи со голема љубов заедно со своето семејство и дека оваа гранка носи многу профит, само ако правилно се работи. 

Share
Прочитај повеќе

Заврши пријавувањето на штети во Могила, најмногу настрадан тутунот

Заклучно со 16 јули кога беше и крајниот рок за пријавување, поднесени се околу 150 барања, а зафатени се од 350 до 400 хектари обработливо земјоделско земјиште, вели градоначалничката на Општина Могила, Јасмина Гулевска. Земјоделците од овие села најмногу штети имаат пријавено за тутунот, потоа се житните култури и лозовите насади.

Share
Прочитај повеќе

Земјоделците од Могила поднесуваат пријави за обесштетување од невремето

Вчера до 14 часот биле поднесени 45 пријави од невремето во саботата, а од општина Могила велат дека наредните два дена се очекува да се зголемат на 200 до 250 нови барања. Заедно со барањата од невремето пред 20-тина дена, тоа се повеќе од 400 барања за обесштетување на земјоделците од општина Могила.

Share
Прочитај повеќе

Земјоделците од пелагониско од денес ќе пријавуваат штети од невремето

Земјоделците од утре во наредните четири работи дена ќе можат да ги пријавуваат штетите. Од општина Могила апелираат попрецизно да ги обележат парцелите, но и да се организираат заедно по местата со цел општинската комисија побрзо да ги направи проценките. Откако земјоделците ќе ги поднесат барањата, после вторник наредната недела, комисијата ќе излезе на терен. Проценката на оваа комисија ќе биде првична, а потоа ќе се чека од министерствата и бирото за судско вештачење за да дадат завршна проценка.

Share
Прочитај повеќе