За прв пат во Општина Долнени отворена е Подрачна единица на МЗШВ

“Повеќе од 6000 земјоделци отсега  нема да мора да патуваат до 30 км оддалеченост во други подрачни единици за било каква документација или информација. Наша задача е да сме тука секогаш кога сме им потребни на земјоделците, заедно со градоначалникот ќе се потрудиме и во иднина да одговориме на сите ваши барања “- изјави министерот Хоџа.

Share
Прочитај повеќе

Со развојни мерки до зголемено производство, во новата Програма за финансиска поддршка се воведуваат субвенции за „зелена нафта“

Субвенциите за земјоделците кои имаат до 0,5 хектари земја изнесува 6.000 денари по хектар, додека 12.000 денари за оние што имаат од 0,5 до 1 хектар земја. Мерката опфаќа 13.000 земјоделци, односно онаа категорија која тешко може да ги исполни стандардите кои ќе се воведат во процесот на усогласување со ЕУ, а преку неа се враќаат 130 милиони денари кај земјоделците.

Share
Прочитај повеќе

Со новата Програма за рурален развој, 20.000 евра за мерката Млад Земјоделец

МЗШВ ги зголемува субвенциите од досегашните 10.000 евра на 20.000 евра по корисник. Дополнително, се воведуваат законски измени преку кои се отстранува границата од 18 месеци за упис во Единствениот регистар на земјоделски стопанства, со што се отвора мерката за повеќе млади луѓе.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Воведуваме мерки тогаш кога му е најпотребно на земјоделците

Николовски додаде дека за преспанскиот регион досега се исплатени 336 милиони денари за сите мерки. На овој начин директно се поттикнува развојот на овоштарството и производството на јаболка.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ го решава проблемот со откупот на сливи, се воведува нова субвенција

Сите правни лица откупувачи на сливи регистрирани за преработка на земјоделски производи и правни лица регистрирани за вршење на трговија со земјоделски производи,  кои извршиле откуп на сливи од реколта 2018 година од домашно производство ќе добијат субвенција од 2 денари по килограм за откупени сливи. Финансиската поддршка ќе стапи на сила со објавување на одлуката во Службен весник  на РМ, и ќе важи  за откупени количини на сливи до 15 септември 2018 година, по откупна цена не пониска од 5 денари за килограм за индустриски сливи.

Share
Прочитај повеќе