За две години, од презадолжена, АХВ прерасна во солвентна институција

Од задолжена институција со натрупани повеќегодишни финансиски долгови кои до јуни 2017 година достигнаа 498 милиони денари или околу 8,1 милиони евра, кон сточарите, ветеринарните друштва, лабораториите и другите испорачатели на услуги и состојба пред колапс на целокупниот систем за контрола на безбедноста на храната и здравствената заштита на животните, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), само за две години, прерасна во финансиски солвентна институција која редовно и навремено ги исплаќа обврските. Со тимска работа, одговорно и посветено, за две години од промената на менаџерскиот тим на Агенцијата, постигнат е евидентен напредок во работењето во сите сектори.

Share
Прочитај повеќе

Нови одлични можности за бизнис – наскоро повик за фотоволтаични електрани

Дигитализацијата и користењето на паметни уреди се основа за развој на новите технологии во енергетиката, а балансирањето на енергијата е клучно за поголема примена на обновливите извори на енергија (ОИЕ), особено кај граѓаните, порачаа панелистите на четвртиот панел „Нови технологии и обновливи извори во целокупното производство на електрична енергија по 2030 година“ на „Македонскиот енергетски форум – МЕФ 2019“.

Share
Прочитај повеќе

Кампањата за одговорно сопствеништво во кумановско Лопате

Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Факултетот за ветеринарна медицина продолжуваат со реализација на активностите во рамки на едукативната регионална кампања за одговорно сопствеништво “Биди неговиот херој”.Со едукативната работилница која од денес почнува да се реализира и во руралните населени места во земјава, опфатени се дел од македонско – албанските паралелки од нижите одделенија во основното училиште ,,Битолски конгрес,, од кумановското село Лопате.

Share
Прочитај повеќе

Вакцинацијата и другите контролни мерки ја спречија епидемијата на болеста на чвореста кожа на Балканот

Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија, следејќи ги препораките на надлежните меѓународни организации, во 2019 година, продолжува со спроведување масовна вакцинација на говедата против болеста на чвореста кожа на територијата на целата држава.

Share
Прочитај повеќе