Во време на строги пости, и мрсната храна се продава како посна

– Производите што содржат казеин или сурутка (во прав) воопшто не се посни бидејќи потеклото на овие две компоненти е животинско. Точно дека од млекото се одделува млечната маст и таа се заменува со растителна, но казеинот останува, и затоа производот не може и не треба да се декларира како растителен, уште помалку како посен. Слично е и со сурутката – објаснуваат експертите.

Share
Прочитај повеќе