Димковски во посета на Росоман каде се одвива откупот на праски

Министерот Димковски им порача на откупувачите и производителите на праски дека треба постојано да бидат во добра комуникација, да нема манипулации со откупната цена и дека само така ќе остварат добри партнерски односи кои носат успех и резултати за сите учесници во процесот на производство и откуп.

Share
Прочитај повеќе

Шпиц во бербата на праски – проблеми со откупот нема

„Праската има регуларен редовен откуп. Она што можеше да се види дека се фрла, тоа беа меки праски. Сега се врши откуп и на меки праски. Сега не очекуваме такви слични проблеми. Сите се плашевме што ќе се случи со Русија. Знаете како ја почнавме сезоната. Некаде на 25 мај се повлече забраната и со координирани активности направивме се’. Сега немаме проблем. Немаме вратени камиони. Пред недела дена близу 1500-2000 тони се извезени во Русија. Пазарот станува се’ поприбирлив. Асортиментот на праски ни е познат. Оној кој има добар квалитет нема никакво проблем со праски. Сега е шпиц на берба и проблеми нема“, вели Димковски.

Share
Прочитај повеќе

Зошто треба да консумираме праски

Праската е една од омилените овошки на многу луѓе, но освен што се вкусни, тие се и многу корисни за нашиот организам. Поради високата содржина на витамини и минерали, праските го подобруваат видот, дигестивниот и уринарниот систем и ја прават кожата мазна .

Share
Прочитај повеќе

Претставници од МЗШВ на средба со производителите и откупувачите на праски

Претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Државниот инспекторат за земјоделство и Државната фитосанитарна лабораторија, во саботата во Росоман имаа работна средба со градоначалникот на општината Бранко Јанев. На средбата присуствуваа и претставници од компаниите извозници на праски и производители на праски, а се разговараше за состојбата со откупот, цената и извозот на праски.

Share
Прочитај повеќе

Овошките од Тиквешко претрпеа штети од пролетен мраз и слана

-Ниските температури во петокот изутрина предизвикаа оштетувања во Кавадаречко и Росоманско, во микро региони покрај течението на реките Луда Мара и Црна, рече Драган Николов, советник во кавадаречката подрачна единица.

Share
Прочитај повеќе

Денес стапува во сила руската забрана за увоз на праски

Николовски најави дека се бара алтернативен пазар за праските што нема да се пласираат во Русија. Како опции ги наведе британскиот, албанскиот и косовскиот. Претставници на британска фирма, рече, се веќе во Македонија и денеска ќе го посетат Росоман за да извршат проценка на родот.

Share
Прочитај повеќе

Од утре стапува во сила руската забрана за увоз на праски

Откупувачите на праски од Росоман се во незивесност – дали ќе им бидат вратени уште три камиони кои моментно се на руската граница. Тоа би значело дополнителни 15.000 евра загуба по штетите што ги претрпеа откако изминативе денови Русија не дозволи влез на три камиони со образложение дека во пратките е пронајден „прасков црв“.

Share
Прочитај повеќе

Околу три милиони килограми праски од Росоманско извезени во Русија

Игор Милошевиќ од Здружението „Росоманска долина”  денеска информираше дека и во земјава  биле продадени околу три милиони килограми од ова овошје. Во домашните преработувачки капацитети пак, завршиле околу милион килограми праски. Во моментов се бере сортата „крес хевен”, а цената е од 18 до 20 денари за килограм.

Share
Прочитај повеќе

Преземени конкретни мерки околу пласманот на праските

– На средбата беше присутна и Ленче Николовска, советник во кабинетот на премиерот Зоран Заев. Факт е дека години наназад се соочувавме со проблемот на пласман и исплата на родот. Беше разговарано за изнаоѓање решенија, финансиска поддршка преку кредити или некој друг начин за откупувачите да бидат посигурни кога ќе влезат во откупот, а истовремено, сигурноста да е поголема и за производителите, околу исплатата, појасни градоначалникот.

Share
Прочитај повеќе

Штети на грозјето и праските во росоманско од синоќешниот град

Драганчо Николов, советник во Подрачната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството во Кавадарци, потврди дека штети има во атарите на росоманските Дебриште, Камен Дол и Манастирец. Рече дека уште денеска ќе излезат на терен за да ги согледаат состојбите и да им дадат препораки на оштетените.

Share
Прочитај повеќе