Се зголемуваат субвенциите за грло говеда и за предадено млеко, ќе има и повици за државно земјиште за сточари

Се зголемуваат субвенциите за грло говеда од 2.800 на 3.100 денари по грло. За прв пат се воведува дополнителна субвенција по квалитет на млеко. Ако досега производителите на кравјо млеко кои произведуваа млеко со екстра класа добиваа поддршка од 3,5 денари по литар, од сега ќе добиваат 4,5 денари по литар. Поддршката за овчо и козјо млеко се зголемува од 4,5 денари по литар на 5,5 денари по литар млеко.

Share
Прочитај повеќе