Одлична вест за ИПАРД апликантите: Предфинансирање на влогот на барателот од страна на државата како заем без камата

-Предфинансирањето значи дека фирмите кои имаат веќе потпишано договор со Платежната агенција за мерките од ИПАРД, делот којшто не се финансира од ИПАРД, односно сопствениот влог на барателот ќе го финансира државата како заем без камата, којшто во период од 8 години корисникот на мерката треба да го врати. На пример, доколку вкупната инвестиција е 100 илјади евра, 50 илјади евра се покриваат преку ИПАРД,  а 50 илјади евра од сопствено учество, за коешто ние со измените овозможуваме предфинансирање од државата пред почетокот на градбата“, изјави министерот Димковски.

Share
Прочитај повеќе