Пчелите и медот да бидат заштитени со закон, граѓаните да научат како се препознава вистински мед

Медот во земјава повеќе се консумира како лек, а не како храна. Трошиме помалку од еден килограм по глава на жител, за разлика од Словенија која троши девет или Јапонија која троши 16 килограми по глава на жител.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ: Минимум 10 пчелни семејства за услов за субвенции

На нивно барање, направивме измена со која досегашниот минимум за регистрирани презимени пчелни семејства од 35 се намалува на 10. Ова значи дека сите пчелари кои имаат регистрирано минимум 10 презимени пчелни семејства, ќе имаат право да аплицираат за субвенции.

Share
Прочитај повеќе

Правилна вентилација за добра хибернација на пчелите

Пчеларната кошница е покриена со слој влажен воздух што е малку потопол од надворешниот во текот на зимата. И топлината и влажноста на овој воздух доаѓаат од самото гнездо, бидејќи секој потрошен килограм мед создава килограм вода што треба да излезе од кошницата во форма на пареа.

Share
Прочитај повеќе

Овие се исклучително важни февруарски совети за работа во пчеларникот

Втората половина на февруари е најдобро време за додавање погача затоа што го стимулира пчелното семејство да работи поинтензивно.

Share
Прочитај повеќе

Нов јавен повик: На располагање нови средства за кофинансирање на веќе набавени пчелини матици и педигрирани чистокрвни или хибридни свињи

Финансиската поддршка за набавка на пчелини матици е до 600.000 денари по корисник, додека за набавка на педигрирани чистокрвни или хибридни свињи финансиската поддршка е до 6.500.000 денари по корисник.

Share
Прочитај повеќе

Каква година очекуваат пчеларите?

„Годинава ќе имам добар принос, и очекувам 20 килограми по кошница. Но, сѐ зависи од тоа кој како ги одгледувал пчелите. Годината почна лошо, март беше сушен, немаше дожд, моравме да ги прехрануваме пчелите, но потоа природата направи чуда. Во природата сега има влага, и во кошниците има и затоа е добро медот да „одлежи“, па потоа да се вади. На 15 јули ќе знаеме како сме поминале годинава кога ќе почне да се вади медот. За пчеларите 1 август е Нова година, затоа што тоа што било поминало, годината завршила, се вади медот и почнува зазимување“, вели Тасевски кој има 110 кошници во кумановско.

Share
Прочитај повеќе

Помор на пчели во Франција, загрозено е производството на мед

Пропаѓањето на колониите пчели поради климатските промени и користењето на инсктициди би можело да значи уште една лоша година за производството на мед во Франција, предупредуваат француските пчелари.

Share
Прочитај повеќе

Франција прва ги забрани пестицидите штетни за пчелите

Франција стана првата земја во светот која ќе ги забрани сите пет пестициди кои се смета дека ги убиваат пчелите на Земјата. Феноменот наречен колапс на колониите резултира со рекордни бројки мртви пчели во светот, а научниците како виновници за тоа ги посочуваат неоникотиноидните пестициди.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Се преземаат мерки за заштита на пчелите и развој на пчеларството

-Ние треба да сториме сé што е во наша моќ за да ги поддржиме пчелните семејства и луѓето во нашите земји кои се грижат за нив. Порачавме дека одговорното однесување кон природата мора да продолжи со идните генерации, истакна Николовски. 

Share
Прочитај повеќе

Календар на активности за месец мај – Пчеларство

Пчеларство – во месец мај настапува првата главна паша од еспарзета и бел багрем.

Share
Прочитај повеќе