Интервентна мерка од 3 денари по килограм за произведен домашен сертифициран семенски материјал, од прва и втора генерација на пченица и јачмен

Како корисници кај оваа мерка се јавуваат земјоделски стопанства кои имаат поднесено барање по подмерка 1.15. „Директни плаќања за произведен и продаден домашен сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација за житни, фуражни, индустриски и градинарски култури“ од Програмата за финансиска поддршка  во земјоделство за 2023 година.

Share
Прочитај повеќе

Обезбедуваме 3 денари по килограм за остварено, предадено, или складирано производство на пченица

Корисници се земјоделци со засеани и ожнеани површини со пченица, а оствареното производство го имаат прoдадено или складирано кај регистриран откупувач или за потребите на сопствениот преработувачки капацитет во период од 15 јуни до 31 август 2023 година, а се запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи. 
Максималната прифатлива количина на пченица е 5.000 килограми по пријавен хектар.

Share
Прочитај повеќе

Престанува да важи одлуката за ограничен извоз на пченица и брашно

Владата на вчерашната седница донесе Одлука за престанување на важење на одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки која се однесуваше на пченица и наполица, брашно од пченица и наполица и семе од сончоглед (кршено или дробено). Одлуката е донесена по предлог на Министерството за економија.

Share
Прочитај повеќе

Околу 12.000 ха државно земјоделско земјиште наскоро ќе биде објавено на јавен оглас за производство на пченица и јачмен

Со планот се предвидени мерки кои ќе придонесат за зголемени приноси од 30.000 тони пченица на среден рок и на долг рок, Македонија да не е повеќе увозно зависна од пченица

Share
Прочитај повеќе

Тон пченица 299 евра – Цените достигнаа нов 14-годишен максимум, го разнишаа извозот и ги натераа преработувачите да се фокусираат на пченката

Високите цени на пченицата го разнишаа извозот и ги натераа преработувачите во индустријата да се фокусираат на пченката, поради што консултантската компанија Strategie Grain ја намали прогнозата за побарувачката за пченица во 2021/22 година, наведува Ројтерс.

Share
Прочитај повеќе

Прогноза за глобално производство на пченица во 2021 година

Иако на северната хемисфера, најголемиот дел од пченицата сè уште е во хибернација, а земјите од јужната хемисфера допрва ќе посеат нова пченица, Светската организација за храна и земјоделство (ФАО) собра достапни податоци и објави прелиминарна прогноза за глобалното производство на оваа житна култура во 2021 година.

Share
Прочитај повеќе

Привршува жетвата на јачменот, започнува жетва на пченицата

Поради долгиот сушен период, но и отсуството на врнежи во мај, потфрлија приносите на сточното зрно.

Share
Прочитај повеќе

Пченицата-стратешка култура во пелагонискиот регион

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е со став дека и понатаму останува силно фокусирано на окрупнување на површините, на зголемување на производството на домашна пченица, се со цел оваа стратешка култура да се обезбедува од домашно производство со што би се намалиле потребите од увоз на пченица од странство.

Share
Прочитај повеќе

Прихрана на пченицата и маслената репка

Прескокнувањето на првата прихрана или одложување на тоа ќе предизвика намалување  на земјоделските култури и, првично, ќе ги намали шансите за постигнување на посакуваниот и очекуваниот принос.

Share
Прочитај повеќе

Државниот инспекторат за земјоделство во контроли кај компаниите што откупуваат пченица, откупната цена е од 9 до 10,5 денари

Државниот инспекторат за земјоделство спроведе контроли на компаниите коишто вршат откуп  и преработка на пченица од реколтата 2019-та. Инспекторите од ДИЗ извршија контроли во шест откупни компании во Велес, Свети Николе, Кочани, Кривогаштани и Битола. При контролите е утврдено дека компаниите имаат објавено откупна цена и истата се движи од 9 до 10,5 денари за килограм во зависност од класите дали е прва, втора или трета класа. 

Share
Прочитај повеќе