Шекеринска и Димковски: Со ефикасна искористеност на мерките од ИПАРД 2 до рентабилно земјоделско производство и развој на руралната економија

„Ваквите успешни примери, покажуваат дека земјоделците ги препознаваат бенефитите од ефикасната искористеност на европските фондови и инвестираат во модернизирање на сопственото производство, и знаат дека на крајот тоа ќе им се исплати. Со можноста којашто ја нуди оваа мерка од ИПАРД, за инвестиции во набавка на механизација, ќе се придонесе за рентабилно производство преку намалени трошоци за земјоделско производство и подобрување на квалитетот на земјоделските производи“, изјави министерот Димковски, додавајќи дека освен преку оваа мерка, намалувањето на производствените трошоци ќе се постигне и со мерката за кофинансирање за набавка на гориво за земјоделска механизација.

Share
Прочитај повеќе

Главни карактеристики на Европскиот модел на земјоделството

  Глобализацијата на Светската трговија, зголемените барања на потрошувачката кон квалитетот на храната , грижата за чување на животната средина и ширењето на ЕУ станаа нови предизвици за европското земјоделство. Пред повеќе години центарот на европската земјоделска политика се помести од пазарни регулации кон целна поддршка, во одговор на зголемените општествени барања, односно прехранбена сигурност, квалитет на храната, ширење на асортиманот, благосостојба на животните, квалитет на животната средина и зачувување на селскиот амбиент. Тоа покажува дека времето на напори за зголемување на продукцијата е одамна одминато и дека денес европското општество има други очекувања од земјоделството.

Share
Прочитај повеќе

Словенија бара 100 тони македонски мед

„Се врши континуирана едукација на земјоделците за примена на пестициди. Веќе е договорена и техничка поддршка од владата на Словенија за развој на модел за пребројување на пчелните семејства, што е многу важно за идните политики за развој на пчеларството, субвенционирањето и на другите мерки“, изјави министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ и одгледувачите на овци заеднички ќе креираат политики за развој на овчарството

Во меѓувреме, секое здружение до МЗШВ ќе испрати пополнет прашалник за сите трошоци што ја формираат производната цена, истата ќе се спореди со анализите на МЗШВ со цел да се дојде до реална производна цена, за да може да се подготви соодветно решение за одгледувачите на овци. 

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Креираме развојни политики за млекопроизводството

-За поголема сигурност во инвестицијата фармерите кои планираат да инвестираат во добиток, прво ќе склучат договор за поддршка со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, па потоа ќе ја реализираат инвестицијата. Оваа мерка е важна за подобрување на генетскиот потенцијал, што крајно ќе влијае и врз квалитетот на финален производ, изјави Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: МЗШВ континуирано работи на развој на млекопроизводството

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска имаше средба со претставници на УСАИД и здружението „Знак за квалитет“ кои во МЗШВ го презентираа документот за политики „Катализирање на раст во млекопроизводството“, кој ја отсликува состојбата во млекопроизводството.

Share
Прочитај повеќе

Со новата Програма за рурален развој, 20.000 евра за мерката Млад Земјоделец

МЗШВ ги зголемува субвенциите од досегашните 10.000 евра на 20.000 евра по корисник. Дополнително, се воведуваат законски измени преку кои се отстранува границата од 18 месеци за упис во Единствениот регистар на земјоделски стопанства, со што се отвора мерката за повеќе млади луѓе.

Share
Прочитај повеќе

Владата ја усвои Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година

На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата вчера ја усвои Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година, со цел да бидат остварени политиките за рурален развој, кои се насочени кон поддршка на инвестиции во земјоделскиот сектор, во водостопанството и јавната инфраструктура и подобрување на животот во руралните средини;

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Доделивме 30 милиони денари за рурална патна инфраструктура на пет центри за развој на плански региони

Овие средства ќе се користат за изградба и реконструкција на пристапни патишта во подрачја на интензивна земјоделска дејност. На овој начин ќе се олесни пристапот до обработливи површини, ќе се зголеми и олесни производството на земјоделски производи“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ континуирано работи на развој на овчарството, сет мерки се планирани и за следната година

Од следната година со Програмата за рурален развој за 2019 година планирано е зголемување на сумата за мерката „Набавка на приплоден добиток“, од постоечките 14 милиони денари на 60 милиони денари, а паралелно ќе се работи и на измени на Правилникот за оваа мерка со цел да биде подостапна за сточарите и да има поголема искористеност.

Share
Прочитај повеќе