Холандски рецепт за одгледување на јагоди

При садењето јагоди, без разлика дали се работи за производство на отворено или во заштитен простор, најважно е да се обезбеди здрав саден материјал од соодветна категорија. Категоријата на садници на јагоди укажува на бројот на цветни зачетоци и обемот на принос, односно бројот на плодови кој можеме да го очекуваме во првата берба по садењето. Во случај на производство на јагоди на отворено, најреално е да бидат посадени садници од А-категорија, затоа што односот на квалитетот и приносот во првата берба со цената на садниците и цената на килограм јагоди е најреален.

Share
Прочитај повеќе