Заедничка апликација на ФАО и MammalNet помага во откривање на Африканска свинска чума кај дивите свињи

„По измената на апликацијата iMammalia, секој корисник сега може, во рок од неколку секунди, да го пријави
откритието на труп на диви свињи, со што ќе помогне во борбата против африканската свинска чума“, изјави
Марк Ховари, ФАО експерт за подготвеност за здравје на животните. „Корисниците можат да ги пријават гео- координатите, нивото на распаѓање и полот, па дури и да испратат фотографија од трупот“.

Share
Прочитај повеќе

Прогресивното ширење на африканската чума кај свињите сериозна закана за безбедноста на храната

Прогресивното ширење на африканската чума кај свињите (АЧС) ширум светот наметнува преземање глобални активности, па дури и поефикасна соработка и комуникација помеѓу сите релевантни чинители во областа на ветеринарната политика и безбедноста на храната.

Share
Прочитај повеќе

Потврдена африканска свинска чума кај дива свиња во соседна Бугарија

По новиот случај на потврдено присуство на болеста африканска свинска чума кај заловена дива свиња во реонот на Благоевград во соседна Бугарија, која од страна на бугарските ветеринарни власти била пријавена во Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ на 17 овој месец, со цел спречување на појава и ширење на болеста и во нашата земја, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги потсетува одгледувачите на свињи, ловните друштва и граѓаните да се почитуваат донесените решија за  спроведување на заштитни мерки кои ги пропиша Агенцијата, бидејќи опасност од појава на болеста се уште постои.

Share
Прочитај повеќе

Успешно спроведена симулациска вежба за справување при можна појава на болеста африканска свинска чума

Како дел од вежбата формиран беше и Локален центар за контрола на болеста, како тело кое раководи со спроведувањето на плановите за итни мерки, и постапува во услови на итна кризна или вонредна состојба  кога е загрозено здравјето и благосостојбата на животните на локално ниво.

Share
Прочитај повеќе

АХВ: Колењето на свињи во селските домаќинства да се изврши крајно внимателно

За да се елиминира секаква можност од евентуална појава и спречување на вирусот на африканска свинска чума и други болести, но, и заради лична заштита, неопходно е да се води сметка колењето на свињите да се изврши во ограден простор (начесто двор), каде пристап нема да имаат други животни и домашни миленици. Површината на која ќе се врши колењето (бетонска или друг тип на површина која лесно се одржува), треба да може лесно да се измие со вода и да се дезинфицира.

Share
Прочитај повеќе

Во Шпанија нема африканска свинска чума, шпанското свинско месо е безбедно

Амбасадорот Лорензо Сера, даде цврсти гаранции дека врз основа на анализите од шпанските надлежни институции, не е утврдено присуство на вирусот африканска свинска чума во ниту една фарма во Шпанија. Овие информации се совпаѓаат и со известувањето од Светската организација за здравствена заштита на животните, во коешто се посочува дека во Шпанија не е регистрирана појава на африканска свинска чума.

Share
Прочитај повеќе

Состанок на Ловечката федерација за африканската свинска чума

Актуелната состојба со африканската свинска чума во регионот, ќе биде една од темите на денешниот состанок на Ловечката федерација во Велес, на кој ќе учествува и директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов.

Share
Прочитај повеќе

АХВ: Да се најде законско решение за воведување на забрана за чување на свињи на одгледувалишта кои немаат воспоставено соодветни биосигурносни мерки

Со цел елиминирање на секаква можност од појава и ширење на болеста африканска свинска чума, како што рече Атанасов, сериозно ќе биде разгледано и барањето на здружението ,,Гицко,, за воведување на мерка – забрана за одгледување на свињи во селските домаќинства за сопствени потреби од причина што во услови на сериозна епизоотиолошка состојба во соседството и реална опасност од пренесување и ширење на болеста, сега не е време за ваков начин на одгледување на свињи.

Share
Прочитај повеќе

Да се забрани одгледување свињи во несоодветни услови за да се спречи ширење болести

– Да се најде законско решение за воведување забрана за чување свињи на одгледувалишта што немаат воспоставено соодветни биосигурносни мерки со цел спречување на појава и ширење на болести кај животните, вклучително и на африканската свинска чума, за која алармот за опасност од појава и на институциите и на одгледувачите е дигнат на највисоко ниво.

Share
Прочитај повеќе

Во Бугарија ќе мора да се заколат 500.000 свињи поради свинската чума

Војската и полицијата се мобилизирани во битката против вирусот и во заштитата на други фарми. Се врши дезинфекција на фармите, ограничена е продажбата на свинско месо, а се контролираат и граничните премини.

Share
Прочитај повеќе