Ќе им се исплати долгот и на преостанатите 600 лозари кои имаа неплатено грозје од „Повардарие“ и „Стефани“

Со оваа изменa практично ќе биде комплетирана исплатата за  сите лозари кои не ги имаа добиено парите од винарниците „Повардарие“ и „Стефани“ за предаденото грозје во периодот од 15 август 2014 година до 15 ноември 2016 година, соопшти МЗШВ.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Долгот кон лозарите мора да биде исплатен во најкус можен рок

-Кон „Повардарие“ нашата порака е јасна,  долгот целосно мора да биде исплатен во најкус можен рок. Во случајот со винарската визба  „Стефани“,во тек е процес на отворена стечајна постапка, и затоа разговаравме и со стечајниот управник,  со директори на банки и адвокати. Паралелно МЗШВ ги разгледува сите можности од правен аспект како и на кој начин државата може да помогне и да интервенира да овие две прашања бидат затворени. Јас ќе бидам среќен „Повардарие“ и „Стефани“ никогаш да не се повторат и затоа заеднички ќе иницираме и соодветни законски измени за да лозарите бидат заштитени. За мене е неприфатливо да се предаде грозје кое што нема да се плати истото да се стави во залог, а имаме такви случаи да грозјето кое е откупено е продадено а лозарите не добиле пари“,порача министерот Николовски.

Share
Прочитај повеќе