АХВ спроведе обука на цариниците за контрола на миленици и личен багаж на гранични премини

Стручни лица од Агенцијата за храна и ветеринарство, за потребите на Царинската управа на Република Северна Македонија, минатата недела одржаа обука за спроведување на контроли при увоз и транзит на домашни миленици за некомерцијални цели и контрола на личниот багаж при влез во нашата држава. На обуката царинските службеници се запознаа со законските прописи за влез и транзит на домашни миленици, на кои категории животни се однесуваат процедурите, колкав број на единки може да се пренесат и кои документи треба да ги следат животните при увоз или транзит.

Share
Прочитај повеќе