Започна аплицирањето по Програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги известува земјоделските стопанства дека рокот за поднесување на барања за субвенции за 2019 година е започнат и ќе трае до 30 мај.
Во овој период ќе се поднесуваат единствените барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019- та година, односно за директни плаќања за растително производство и тоа за површини со поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади како и за сточарско производство и тоа за одгледување на говеда, овци, кози, пчели, свињи, и за заклани животни во кланица. 

Share
Прочитај повеќе

Со развојни мерки до зголемено производство, во новата Програма за финансиска поддршка се воведуваат субвенции за „зелена нафта“

Субвенциите за земјоделците кои имаат до 0,5 хектари земја изнесува 6.000 денари по хектар, додека 12.000 денари за оние што имаат од 0,5 до 1 хектар земја. Мерката опфаќа 13.000 земјоделци, односно онаа категорија која тешко може да ги исполни стандардите кои ќе се воведат во процесот на усогласување со ЕУ, а преку неа се враќаат 130 милиони денари кај земјоделците.

Share
Прочитај повеќе

Земјоделските задруги имаат право на финансиска поддршка

За организирање на информативни и промотивни активности субвенцијата изнесува 100 проценти од вкупните направени трошоци. По барање на задругарите парите можат да се исплатат одеднаш или на две рати. Досега во Македонија се запишани 29 земјоделски задруги од кои 24 од мал и 5 од голем обем, со вкупен капацитет од 870 хектари обработлива површина, 260 пчелни семејства, 450 говеда, 250 овци и 200 кози.

Share
Прочитај повеќе

Подетално за финансиската поддршка во земјоделството за 2018

Средствата за финансиска поддршка во земјоделството за 2018 година се одобрени во вкупен износ од 6.210.500.000 денари, а обезбедени согласно Буџетот на Република Македонија за 2018 година.

Share
Прочитај повеќе