Шпиц во бербата на праски – проблеми со откупот нема

„Праската има регуларен редовен откуп. Она што можеше да се види дека се фрла, тоа беа меки праски. Сега се врши откуп и на меки праски. Сега не очекуваме такви слични проблеми. Сите се плашевме што ќе се случи со Русија. Знаете како ја почнавме сезоната. Некаде на 25 мај се повлече забраната и со координирани активности направивме се’. Сега немаме проблем. Немаме вратени камиони. Пред недела дена близу 1500-2000 тони се извезени во Русија. Пазарот станува се’ поприбирлив. Асортиментот на праски ни е познат. Оној кој има добар квалитет нема никакво проблем со праски. Сега е шпиц на берба и проблеми нема“, вели Димковски.

Share
Прочитај повеќе