АХВ спроведе обука на цариниците за контрола на миленици и личен багаж на гранични премини

Стручни лица од Агенцијата за храна и ветеринарство, за потребите на Царинската управа на Република Северна Македонија, минатата недела одржаа обука за спроведување на контроли при увоз и транзит на домашни миленици за некомерцијални цели и контрола на личниот багаж при влез во нашата држава. На обуката царинските службеници се запознаа со законските прописи за влез и транзит на домашни миленици, на кои категории животни се однесуваат процедурите, колкав број на единки може да се пренесат и кои документи треба да ги следат животните при увоз или транзит.

Share
Прочитај повеќе

Царинската управа ќе го испитува квалитетот и составот на режаниот тутун на пазарите

Во изминатиот период Царинската управа во повеќе наврати запленила 2.374 килограми режан тутун. Исто така, во координирана акција со Пазарната инспекција и МВР, во изминатите месеци направени се акции по пазарите на територијата на град Скопје при што се одземени затекнатите количини режан тутун и поведени постапки против лицата кои нелегално го продавале.

Share
Прочитај повеќе