Тече повикот за набавка на добиток до 6.500.000 денари по корисник

Вести Огласи Сточарство

Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка за следните мерки:

Мерка 121- Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства

Мерка 121.1 – Набавка на добиток од увоз или од признати организации на одгледувачи согласно Законот за сточарство (регистрирани во Регистарот на признати организации на одгледувачи на добиток, најдоцна до датумот на завршување на јавниот повик) и тоа за: – високостелни педигрирани јуници (со исклучок на расата Буша), – педигрирани машки и женски приплодни грла овци и – педигрирани машки и женски приплодни грла кози.

Максимална вредност на прифатливи трошоци по корисник: до 6.500.000 денари прифатливи трошоци по 121.1 поединечен корисник

Повеќе информации за јавниот оглас на следниот линк

Упатство за користење на мерката на следниот линк

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *