„Тика“ донираше 300 пчелни сандаци и опрема во Долно Косоврасти

Вести Пчеларство

Турската владина агенција за соработка „Тика“  во дебарското село Долно Косоврасти распредели 300 пчелни сандаци, со пчелни семејства и сета потребна опрема за пчелари од општините Дебар и Центар Жупа.



Оваа активност насочена кон развој на пчеларството во овој регион, кој располага со идеални услови за тоа, се реализира во соработка со здружението за развој на земјоделството „Чифлик“.

– За двете општини доделени беа 300 пчелни сандаци кои пак беа распределни на 30 пчелари, односно по 15 од двете општини. Освен сандаците и неопходната опрема, тие добија и средства за прихранување, како и медикаменти и средства за заштита, изјави Неат Селманоски од друштвото „Чифлик“.

Додава дека сите заинтересирани лица доставиле барања до здружението, како што тоа ќе биде и во наредниот период при доделување одредена помош од агенцијата „Тика“.

На денешната активност присуствуваше и програмскиот координатор на агенцијата „Тика“ за Република Македонија, Ајтекин Ајден, како и градоначалникот на Центар Жупа Аријан Ибраим.

– Во рамки на добрата соработка и големото пријателство меѓу Република Турција и Република Македонија, агенцијата „Тика“ продолжува со своите активности за да се помогне во секој апсект. Еве денеска тука доделуваме пчелни сандаци, но не застануваме со толку, зашто за наесен планираме доделување на уште пчелни сандаци со опрема. Ви посакувам големо производство и бенефит, порача Ајден.

Инаку, ова е последователна донација на „Тика“ во областа на земјоделството. Во март годинава распредели 3.000 садници калифорниски орев  за над шеесет граѓани од  Центар Жупа, Дебар и Маврово и Ростуше, кои претходно се пријавиле на огласот како потенцијални одгледувачи на калифорнискиот орев, чиј род е од 25 до 30 килограми по стебло.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *