„Тиквеш“ заврши со исплатата на откупеното грозје

Вести Лозарство

Винарската визба „Тиквеш“ и оваа година, речиси еден месец пред крајниот законски рок, заврши со исплата на средствата за откупеното грозје од последната берба.

Заклучно со вчера, исплатени се средствата на лозарите при што постигната е средна цена од над 16 денари, а максимална од над 22 денари за килограм квалитетно грозје.

Според генералниот директор на Винарската визба „Тиквеш“, Радош Вукиќевиќ, редовната исплата, како и постигнатите цени за килограм грозје кои се поголеми од препорачаните цени, се заради високиот квалитет на грозјето. Тие се, посочува тој, и показател за стратешкиот пристап што го има компанијата во градењето партнерскиот однос со лозарите што е предуслов за производство на вина со врвен квалитет кои ќе бидат конкурентни на светски вински пазари.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *