Тон пченица 299 евра – Цените достигнаа нов 14-годишен максимум, го разнишаа извозот и ги натераа преработувачите да се фокусираат на пченката

Вести

Високите цени на пченицата го разнишаа извозот и ги натераа преработувачите во индустријата да се фокусираат на пченката, поради што консултантската компанија Strategie Grain ја намали прогнозата за побарувачката за пченица во 2021/22 година, наведува Ројтерс.

Во својот месечен извештај за житарките, таа ги намали шансите за извоз на мека пченица во ЕУ за 1,6 милиони тони, на 30,4 милиони тони. Се смета дека тоа ќе ги зголеми залихите на крајот на сезоната за повеќе од 2 милиони тони или нешто повеќе од 12 милиони тони.

Европските цени на пченицата минатата недела достигнаа нов 14-годишен максимум, бидејќи меѓународната побарувачка предизвика загриженост во земјите извознички. Така, еден тон од оваа житарка, на пример, на француската берза ФОБ изнесуваше 299 евра за тон. Ниту цените на другите европски берзи не беа многу различни.

Strategie Grain наведува дека на пазарот на пченица му недостигаат фактори кои би гарантирале понатамошно зголемување на цените, на кои би можело да влијае моменталното влажно време во Австралија или ограничувањето на аргентинскиот извоз.

Франција доживува турбуленции бидејќи Алжир ги промени условите за увоз и сѐ повеќе ја фаворизира Русија.

Кога станува збор за пченката, изгледите за нејзин увоз во ЕУ се зголемија во 2021/22 година за 1,1 милион тони, на 15 милиони тони и покрај големото домашно производство и, како што посочуваат, седумгодишниот врв од 67,8 милиони тони.

Повторно можеме да прочитаме дека се очекува зголемување на површините под маслодајна репка, како и побарувачка на култури за кои е потребно помалку ѓубриво. Површината под мека пченица може да падне на 21,64 милиони хектари (од овогодинешните 21,69 милиони хектари), а пченката за 2 отсто, на 9,06 хектари.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *