Три држави го блокираа одобрението за употреба на глифосат во ЕУ

Вести

Блокирано е привременото продолжување на одобрението за употреба на глифосат во Европската Унија. Сегашното одобрение истекува кон средината на декември, а таа контроверзна алатка би требало повторно да се процени во јули 2023 година, како што најави Европската агенција за безбедност на храната (EFSA) на почетокот на оваа година.

За да се надмине тој јаз, Европската комисија предложи привремено продолжување од една година, согласно законската рамка. Тие го претставија овој предлог минатиот петок пред земјите членки на Постојаниот комитет на Комисијата за растенија, животни, храна и добиточна храна на ЕУ (SCoPAFF).

Меѓутоа, портпаролот на ЕК потврди за Еурактив дека гласањето не поминало бидејќи не е постигнато потребното мнозинство.

Според извештаите, додека мнозинството земји членки го поддржаа овој предлог, Луксембург, Малта и Хрватска се спротивставија, додека Франција, Германија и Словенија одлучија да се воздржат. Сето ова на крајот беше доволно за да се блокира постапката.

Следниот чекор е дека извршната власт на ЕУ ќе поднесе жалба и, во случај да нема мнозинство ниту во комисијата за жалби, прашањето ќе биде проследено до Колегиумот на комесари на ЕК, кој би можел да ги одобри правилата.

Но, портпаролот не можел да даде информации за временската рамка во која се треба да се реши. На прашањето дали ќе биде одобрен пред истекот на рокот во декември, тој рече дека Комисијата „ќе направи се што може“ за да го забрза процесот.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *