Три трика да препознаете зрела лубеница

Вести Овоштарство Совети

Кога е добро изладена, лубеницата претставува големо и здраво освежување на организмот. Добра е за хидратација на телото и претставува голем извор на витамин Ц, А и минералите калциум и магнезиум. Содржи антиоксиданси и поволно влијае врз целокупното здравје. Секогаш е тешко да се препознае и да се разликува која лубеница е сочна и блага. За да одберите зрела лубеница потребно ви е малку среќа, а сигурно ќе ви помогнат и овие трикови:

1.Побарајте жолтеникава дамка на површината на лубеницата

Дали сте забележале дамка на површината на лубеницата? Тоа е местото на кое лубеницата лежела на земјата додека созревала. Најзрелите лубеници имаат жолтеникава дамка, додека оние со бела боја или светло зелена треба да ги избегнувате, бидејќи се набрани предвреме. Немојте да купувате ниту лубеници кои немаат никаква дамка на површината.

2.Бирајте плодови без оштетување

Површината на лубеницата треба да биде темно зелена, тврда на допир и без видливи оштетувања. Меката површина е знак дека плодот почнал да скапува, а избегнувајте ги и оние со исушени површини. Плодот треба да биде асиметричен, а оние со необични израстоци, препуштете ги на некој друг.

3.Тестирајте ја тежината на лубениците

Можеби најтешките лубеници ги избегнувате поради тежината за транспорт, но всушност на тие плодови треба да обрнете најмногу внимание. Дури 92% од составот на лубеницата е вода, па најсочните плодови се и најтешки. Кренете неколку лубеници со иста големина, а дома однесете ја онаа која е најтешка. Таа без дилеми ќе биде и најслатка и најсочна!

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *